Ким Џонг Ун, контроверзниот лидер на Северна Кореја, ја избра 13-годишната ќерка за иден владетел на земјата
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Од тестирање на ракети до секаков тип на настани, лидерот ја носеше ќерка си секаде и ја нарекуваше „најсакана“ и „најпочитувана“ ќерка, а сега прогласи и дека таа ќе биде лидер на Северна Кореја во иднина.

Цел свет е изненаден од веста дека девојче ќе владее со Северна Кореја.
Изгледа дека Северна Кореја ќе ја има најмладата лидерка во историјата – 13-годишната Ким Џу Е е избрана за наследник на својот татко, Ким Џонг Ун.

Во последниве месеци, Џу Е постојано се појавуваше покрај татко си на големи настани – од посета на Пекинг до тестирање на интерконтинентални балистички ракети. Дури на некои фотографии е во фокус, за сметка на својот татко.
Јужнокорејската разузнавачка служба вели дека таа веќе дава свои мислења за државни политики, па изгледа дека Северна Кореја наскоро ќе има млад, модерен врховен лидер.

А интересно е што таа е избрана пред постариот син на Ким Џонг Ун (инаку бројот на деца на лидерот на Северна Кореја не е јавно познат), што малку ги збунува експертите, но семејството Ким секогаш си има свои правила.
Разузнавачите велат дека таа сега преминала од „тренинг за наследник“ во улога на назначен наследник – необичен, но многу значаен потег во рамките на наследниот систем на режимот.

Ова се насетувало затоа што лидерот ја нарекувал „најсакана“ и „најпочитувана“ ќерка.







Прочитајте и Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун која може да го наследи?
С. С. | Црнобело