Остана бремена од криминалец, па се омажи за идниот крал на Норвешка - Која е принцезата Мете-Марит?
- Детали
- недела, 22 февруари 2026
Свадбата на норвешкиот престолонаследник со „обичната девојка“ Мете-Марит во 2001 година, на почетокот делуваше како модерна љубовна бајка. Но токму сопругата на принцот е причината за најголемите скандали на едно од омилените кралски семејства.

Норвежанката Мете-Марит стана членка на кралското семејство во 2001 година. Венчавката на девојката која потекнува од обично, но проблематично семејство, а и самата зад себе има скандали, уште во тоа време ќе ја подели јавноста.
Свадбата на норвешкиот престолонаследник со „обична девојка“ на почетокот изгледала како модерна бајка.
Но, пред да го запознае принцот, Мете-Марит имала турбулентна младост и тешка семејна историја.

Родена е во Кристијансанд, во семејство кое не било поштедено од проблеми.
Нејзините родители се развеле кога била дете, а нејзиниот татко бил двапати осуден за насилни злосторства.
Растењето во растурено семејство и во тешки околности, оставило трага во нејзиниот живот.

Мете-Марит се школувала во Кристијансанд, но дел од своето образование го поминала во Австралија како студент на размена, а магистрирала на смерот Извршен менаџмент на Норвешката бизнис школа.
Таа работела како келнерка во Осло и токму таму го запознала Мортен Борг, осудуван криминалец.

Тие никогаш не биле во врска, имале секс за една вечер, но Мете-Марит останала бремена.
Во тоа време идната принцеза била во врска со 15 години постар дечко, кој исто така бил осуденик. Наводно, кога дознал за бременоста, ја бркал со нож.
