На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната кралица на Шпанија?
- Детали
- среда, 29 октомври 2025
Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се подготвува за иднината што ја чека. Моментално таа е наследничка на тронот и на 19-годишна возраст, веќе важи за модна икона, а се истакнува и со интелигенцијата.

Кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија имаат две ќерки – Софија, која е родена во 2007 година, и Леонор, која е родена во 2005 година.
Принцезата Леонор е таа што најверојатно ќе го наследи тронот на татко ѝ и веќе се подготвува за својата улога.
За разлика од британската монархија, во шпанската предност имаат машките деца.
Па, доколку кралот и кралицата добијат син, тој ќе го наследи тронот, без разлика што принцезата Леонор е помала од него.
Но, Фелипе и Летиција веќе ја подготвуваат нивната 19-годишна ќерка за титулата, па веројатно не им е во план да добијат уште едно дете.
Што знаеме за убавата девојка која во иднина ќе биде кралица на Шпанија?
Леонор е родена на 31-ви октомври во 2005 година, во период кога нејзиниот татко уште беше само принц.
Тогаш на тронот седеше неговиот татко – кралот Хуан Карлос Први.
Уште на денот на нејзиното раѓање, Фелипе и Летиција ја претставија малата принцеза пред светот, а околу два месеца подоцна, ѝ направија крштевка.
На 29-ти април 2007 година, Леонор доби и сестричка – Софија.
Овој период, Леонор почна да оди во училиште – заврши основно во Мадрид, а потоа средно во Велика Британија, поточно во Велс.
Од 2023 година, Леонор е запишана на воена академија и треба да дипломира следната година.
Покрај тоа што се фокусира на образованието, Леонор редовно ги придржува нејзините родители на официјални настани.
Првпат се појави на ваков настан на 9-годишна возраст, еден месец пред нејзиниот дедо да абдицира и да му го предаде тронот на кралот Фелипе.
На само 13-годишна возраст, Леонор го одржа и својот прв говор, додека во 2021-ва првпат сама се појави на настан, како претставник на кралското семејство.
Младата принцеза веќе важи за модна икона, а се истакнува и со својата интелигенција. Зборува неколку јазици, вклучувајќи шпански, англиски и арапски.
Некои извори тврдат дека може да зборува на дури десет јазици, но ова не е потврдено.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, јавноста не знае многу.
Ја поврзуваа со шпанскиот фудбалер Гави, но поверојатно е дека ова се само шпекулации.
Претходно имаше гласини дека била во врска со поранешен соученик, но извори блиски до кралското семејство тврдат дека биле само пријатели.
