Остана бремена од криминалец, па се омажи за идниот крал на Норвешка - Која е принцезата Мете-Марит?
Во 1997 година го родила синот Мариус Борг Хојби, а кога таа се породувала, таткото на бебето бил во затвор, издржувал казна за насилство и трговија со дрога.
Во местото, пак, каде што живеела (близу Осло), била позната како „девојка што сака да се забавува“, и најчесто се гледала со криминалци.

Кога со синот се преселила во родниот град, запознала локален диџеј кој ѝ станал партнер и и ѝ помагал околу одгледувањето на Мариус.
Се разделиле во 1999-та кога Мете-Марит го запознала норвешкиот принц.

По две години врска, парот се венча, а јавноста веднаш го „осуди“ нејзиниот вонбрачен син, велејќи дека е „срам“ за кралското семејство.
Во 2025-та тој беше уапсен и му се суди за силување и криминал, што е огромен скандал, можеби и најголемиот во благородничкото семејство.
Но, семејната драма на принцезата не застана со нејзиниот син.

Неодамна во јавноста беше објавена информација дека таа комуницирала со Џефри Епстин, осудениот сексуален престапник.
Тие биле во контакт дури и по неговото апсење.
Ова предизвика нов бран на незадоволство во земјата, по што идната кралица се обрати до јавноста со изјава во која кажа дека ќе објасни сè детално кога ќе ѝ биде дозволено да го направи тоа.

Нејзиниот сопруг и овој пат застана во нејзина одбрана и побара јавноста да им даде време, но и да покаже разбирање за неговата сопруга.
Норвешката монархија, која се смета за една од најстабилните и најомилени во Европа, сепак е дел од низа скандали во последниве години, а идната кралица е во центарот на вниманието на најголемиот дел од нив.

Прочитајте и Силувал девојка во бессознание, забранет му е пристап во семејниот дом - Скандалите на синот на норвешката принцеза
А. Ј. | Црнобело