Оттуѓената трансродова ќерка на Илон Маск стана манекенка – го промени полот и се откажа од татко ѝ

Родена е како машко дете, во 2020-та кажа дека е трансродова личност, го смени полот во женски и се откажа од татко ѝ Илон Маск – сега дебитираше како манекенка на ревија за Gucci.

ottugjenata-transrodova-kjerka-na-ilon-mask-stana-manekenka-go-promeni-polot-i-se-otkazha-od-tatko-i-01.jpg

Вивиен Вилсон е најстарото дете на Илон Маск и неговата прва сопруга Џастин Вилсон.

Вивиен е родена како машко дете во 2004-та година под името Егзавиер Александар Маск, но во 2020-та јавно се декларираше како трансродово лице и започна процедура за промена на пол.

ottugjenata-transrodova-kjerka-na-ilon-mask-stana-manekenka-go-promeni-polot-i-se-otkazha-od-tatko-i-04.jpg

Во 2022, на 18-годишна возраст го промени името во Вивиен Џена Вилсон, откажувајќи се од презимето Маск, велејќи дека не сака повеќе да биде поврзана со нејзиниот биолошки татко, на кој било начин.

Сега, неколку години подоцна, на Модната недела во Милано 2026, таа дебитираше како манекенка на ревија за Gucci.

@voguemagazine

@Vivian Jenna Wilson made her #gucci debut today at #MilanFashionWeek and absolutely owned the runway.

♬ original sound - Vogue

21-годишната девојка дефилираше на пистата во свилен бел фустан, со пуштена долга коса и нежен накит.

„Само што дефилирав на ревија за Gucci“ – напиша таа на Инстаграм неколку минути откако ја напуштила модната писта, каде што се сретнала со познати модели како Кејт Мос и Емили Ратајковски.

ottugjenata-transrodova-kjerka-na-ilon-mask-stana-manekenka-go-promeni-polot-i-se-otkazha-od-tatko-i-02.jpg

Иако сега гради манекенска кариера и не сака да има ништо со татко ѝ, сепак веројатно ќе биде запомнета по изјавите кои ги има давано за него во јавност. 

Прочитајте повеќе: Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко со ин витро“

Повеќе фотки од Вивиен:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Родив многу големо бебе: На 4 месеци тежи 10 килограми, ме критикуваат, но докторите ми велат дека ... Млада Мајка се соочи со критики откако го покажа своето 4-месечно бебе кое тежи ...

Најчитани неделава