Прељубничката од концертот на Coldplay: „И маж ми беше таму, знаеше дека сум блиска со директорот“
- Детали
- вторник, 17 март 2026
„Мојот сопруг знаеше дека со директорот бевме блиски соработници, знаеше дека излегувавме заедно – на ручек или на пијалак“, изјави прељубничката од концертот на Coldplay во поткастот на Опра Винфри. Таа тврди дека со сопругот веќе биле разделени кога се случи инцидентот, а потоа поднела барање за развод.

Кристин Кабот, најпозната како „прељубничката од концертот на Coldplay“, гостуваше во поткастот на Опра Винфри каде сподели нови детали од ноќта што драстично ѝ го смени животот.
За потсетување, во јули 2025 година, Кристин и нејзиниот шеф Енди Бирон заедно беа на концерт на Coldplay, кога беа снимени како се прегрнуваат. Проблемот е што и двајцата се во брак.
Кога сфатија дека камерата е свртена кон нив и може да ги види целата сала, и двајцата брзо пробаа да си ги скријат лицата.
Оттогаш Кристин сподели дека иако била во брак, со сопругот биле разделени и истакна дека до концертот,се немале ни бакнато со шефот.
Сега, пак, сподели дека и нејзиниот сопруг, Ендру, бил на истиот концерт.
„Влегував во салата и ќерка ми ми напиша порака ’Супер што и ти и Ендру сте на концертот на Coldplay'. Значи, ќерка ми им кажа дека и сопругот (со кој бев разделена) е исто така на концертот.
Си помислив дека ќе биде чудно ако ме види со (шефот) Енди. Си прашував што ако налетам на него. Но, потоа си помислив дека стадионот е голем, има 55.000 луѓе овде и сигурно нема да налетам на него“.
Во интервјуто со Опра, Кристин на шега вели дека од сегашна перспектива, ќе било многу подобро ако само налетала на сопругот.
Исто така, додава дека нејзиниот сопруг веројатно не би бил изненаден ако ја видел со шефот.
„Тој знаеше дека со Енди бевме блиски соработници, знаеше дека излегувавме заедно – на ручек или на пијалак. И, беше во ред.
Знае каква е мојата професија и знае дека сум делела биро со сите директори со коишто сум соработувала, дека сме блиски. Па, ова не беше некој проблем“.
Сепак, факт е дека инцидентот имаше влијание врз приватните, но и професионалните животни на Кристин и Енди.
Енди беше извршен директор на технолошката компанија Astronomer, додека Кристин беше шеф на службата за човечки ресурси во истата фирма.
Откако видеото почна да се споделува вирално, и двајцата дадоа отказ.
Но, Кристин откри дека добивала и смртни закани.
Кристин веќе поднела барање за развод, а истакнува дека мислела дека и нејзиниот шеф е разделен од сопругата.
Но, тој уште е во брак со неа и ниту еднаш се нема огласено за скандалот.
