Бившата тврди дека шетал со нож по дома, тој ја обвинува дека лаже: Што знаеме за Петер Маѓар, новиот унгарски премиер?

По 16 години на власт, Виктор Орбан е наследен од Петер Маѓар – адвокат кој ја почнал политичката кариера како обожавател, но и сојузник на неговиот противник. Иако победи со големо мнозинство, неговата поранешна сопруга тврди дека тој е предавник, а го обвинува и за психичко и емоционално насилство.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-01.jpg

На годинашните парламентарни избори во Унгарија победи партијата Tisza, па по 16 години на власт, поранешниот премиер Виктор Орбан ќе му ја предаде функцијата на Петер Маѓар.

Изборот на нов премиер по толку многу години значи огромни промени за Унгарија, а очекувано, јавноста почна да се интересира и за приватниот живот Петер Маѓар.

Покрај детаљот дека неговиот противник Виктор Орбан во младоста всушност му бил идол, на виделина излезе и бурниот развод на Петер од поранешната сопруга Џудит Варга.

Денес тие се во толку лоши односи, што по победата таа само го нарече предавник.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-03.JPG

Што знаеме за новиот унгарски премиер и неговиот бурен развод?

Петер Маѓар е роден во Будимпешта во 1981 година, во семејство адвокати.

Истовремено тој е правнук на Ференц Мадл – поранешниот претседател на Унгарија кој беше на власт од 2000 до 2005 година.

Можеби и самите сте забележале, презимето на Петер во буквален превод значи Унгарец – и кај нас за Унгарците некогаш се користи називот „Маџари“, додека Унгарија се нарекува и „Маџарска“.

Во 2004 година завршил Правен факултет, а набрзо потоа почнал да се занимава со корпоративно право.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-06.JPG

Како студент, Петер Маѓар се приклучил на партијата на Виктор Орбан која тогаш била во опозиција.

Во интервју, пак, самиот има откриено дека во младоста бил инспириран од неговиот противник Орбан.

Генерално, Петер Маѓар ја почнал политичката кариера како лојален соработник на Орбан. Но, нивниот однос се заладил во 2024 година поради скандал.

Во февруари 2024-та јавноста дозна дека околу една година претходно, поранешниот унгарски претседател му дал помилување на маж кој бил обвинет за прикривање на сексуално малтретирање во детски дом.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-02.JPG

Бидејќи во скандалот беше вмешана и поранешната сопруга на Петер Маѓар, во Унгарија тој како да стана лицето што го претставува револтот на граѓаните.

Почна и јавно да ја критикува власта, па од лојален сојузник, се претвори во противник на Орбан кој сега дури и му ја зеде функцијата.

Секако, како и за секоја јавна личност, без разлика дали политичар или некој од забавната индустрија, има по некој скандал и за Петер Маѓар.

Најмногу се зборува за неговиот развод, но самиот тврди дека голем дел од она што се кажува е всушност пропаганда на противниците.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-08.JPG

Во 2006 година, Петер Маѓар се венча со Џудит Варга – адвокатка и поранешна министерска за правда во Унгарија.

Петер и Џудит добија три деца, пред да се разделат во 2023 година, а драмата што следеше потоа некои ја опишуваат и како сапуница.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава