Бившата тврди дека шетал со нож по дома, тој ја обвинува дека лаже: Што знаеме за Петер Маѓар, новиот унгарски премиер?

Како што веќе спомнавме, во 2024 година во Унгарија изви скандал со помилување на маж кој прикривал сексуално малтретирање во детски дом.

Инцидентот се случил претходната година, во периодот кога Џудит била министер за правда.

Кратко по помилувањето, Џудит си даде оставка, но како да започна онлајн војна со поранешниот сопруг Петер Маѓар.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-04.JPG

Петер Маѓар одлучи да зборува за случајот, а ја спомна и поранешната сопруга, суптилно навестувајќи дека политичките притисоци и она што се случувало во власта имало огромен удел врз нивниот брак.

Петер споделуваше и аудиоснимки кои ги претстави како доказ за злоупотреба на моќта на некои луѓе кои се на власт.

Иако стануваше збор за политичка драма, Џудит Варга реши да се огласи, но таа се фокусираше на бракот со Петер.

Покрај другите скандалозни изјави, Џудит почна да го обвинува Петер и за семејно насилство.

„Кажував што тој сака да слушне за да се извлечам што е можно побрзо. Во ваква ситуација, секој ќе каже работи што не ги мисли поради став.

Петер Маѓар има направено тајна снимка од мене, во нашиот дом, и сега ја користи за да ги постигне неговите политички цели. Никој не треба да му верува“, напиша Џудит на Фејсбук.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-10.JPG

Потоа, во интервју објавено на Јутјуб, Џудит тврдеше дека Петер ѝ вршел психичко и емоционално насилство, па разводот бил единствениот излез.

Таа тврди дека бившиот сопруг честопати ја заклучувал во соба, дека ја имал турнато додека била бремена, како и дека низ нивниот заеднички дом често шетал со нож во рака.

Според неа, тој дури и лажирал самоубиство – Џудит викнала брза помош, но кога пристигнала, премиерот наводно само си излегол од дома по пижами.

Петер Маѓар стои на ставот дека сите обвиненија на Џудит се лажни и тој тврди дека таа била уценувана од власта.

Тој смета дека Џудит била искористена за да се одвлече вниманието од скандалот со помилувањето и аудиоснимките.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-09_copy.JPG

Џудит уште го обвинува поранешниот сопруг за низа работи, но засега не е докажано кој од нив е во право.

Самиот Петер, пак, во февруари годинава се најде и среде секс скандал и беше обвинет за користење дрога.

Петер самиот најави дека во јавност може да протече секс снимка направена без негова дозвола, со цел да му се уништи репутацијата пред изборите.

„Се сомневам дека планираат да објават снимка, направена со тајна опрема и веројатно лажирана, во која јас и мојата тогашна девојка имаме интимни односи“, сподели Маѓар на социјалните мрежи.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-07.JPG

Онлајн почна да се споделува и фотографија од скриена камера на која се гледа само кревет.

Снимката не излезе во јавност, но Петер сепак истакна дека таа ноќ бил со жена која му бил партнерка и дека не правел ништо нелегално.

bivshata-tvrdi-deka-shetal-so-nozh-po-doma-toj-ja-obvinuva-deka-lazhe-shto-znaeme-za-peter-magjar-noviot-ungarski-premier-05.JPG

Подоцна тој додаде и дека не очекувал дека некој некогаш ќе го сними.

„Таа ноќ не сфатив дека ќе се соочам со тајна операција, па дозволив да бидам заведен... Но бидејќи немам направено ништо нелегално, мојата совест е чиста“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава