Свекрва ѝ ја застрелала 12 пати поради љубомора: Детали за убиството на поранешна мисица од Мексико
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
На морничаво видео од безбедносна камера во домот на убиената мисица се слуша како нејзината свекрва вели дека ја убила бидејќи ѝ го зела синот. Свекрвата убиец е во бегство, а блиските на убиената девојка велат дека љубомората што ја чувствувала кон неа често им создавала проблеми.

На 16-ти април, поранешна мисица од Мексико беше пронајдена мртва во нејзиниот дом со прострелни рани, а набрзо потоа надлежните споделија дека ги испрашуваат членовите на нејзиното блиско семејство бидејќи меѓу нив е и осомничениот.
Набрзо потоа се дозна дека мисицата Каролина Флорес Гомез била застрелана и убиена од нејзината свекрва.
Трагедијата се случила во Мексико Сити, а младата убавица имала само 27 години.
Истрагата уште е во тек, но веќе се знаат доволно детали за мотивот зад грозоморното убиство.
Која е Каролина Флорес Гомез и што знаеме за нејзината трагична смрт?
Родена во 1999 во Мексико, на 17-годишна возраст Каролина била избрана за Мис Тин универзум во Баха Калифорнија (Долна Калифорнија) – сојузна држава во Мексико.
Оваа победа ја прославила, па Каролина почнала успешна кариера како модел. Истовремено, почнала да работи и како инфлуенсерка, а нејзините објави се фокусирале на мода.
Каролина била во брак со Алехандро Санчез Херера, со кој имала и осуммесечно бебе.
Кoн крајот на минатата година, таа и сопругот се преселиле во Мексико Сити во потрага по нов и подобар живот.
Но, Каролина имала проблеми со нејзината свекрва, 63-годишната Ерика Марија Гвадалупе Херера.
Според она што е познато во јавност, Ерика извесен период била активна во локална политика, но не успеала да изгради политичка кариера на државно ниво.
Но, сепак, во Долна Калифорнија била позната во политичките и социјалните кругови.
На 15-ти април, таа ја застрелала нејзината снаа, Каролина, дури 12 пати во главата, вратот и лицето, наводно поради љубомора.
Страшното убиство е снимено и на безбедносната камера што била поставена во дневната соба на парот.