Свекрва ѝ ја застрелала 12 пати поради љубомора: Детали за убиството на поранешна мисица од Мексико
На видеото се гледа како во дневната соба поминува Каролина, во бела наметка, а до неа стои свекрвата со една рака во џеб.
Како што Каролина се трга од кадарот, свекрва ѝ тргнува по неа, по што се слушаат истрели, но и како мисицата вреска.
Во домот на мисицата е и нејзиниот сопруг, кој воопшто не делува вознемирено кога ги слуша истрелите.
Само неколку секунди по убиството на Каролина, се гледа како тој влегува во дневната соба со нивното осуммесечно бебе и ја прашува мајка му што се случило.
„Ништо. Ме разгневи“, одговара свекрвата.
Потоа син ѝ смирено ѝ вели дека Каролина му била семејство, на што таа му одговара:
„Ти си мој, а таа те украде“.
Уште побизарно во целата ситуација е што сопругот на Каролина го пријавил убиството дури следниот ден, на 16-ти април, по што веднаш започнала истрагата.
Надлежните открија дека свекрвата на Каролина е главниот осомничен, но и дека уште истражуваат зошто нејзиниот сопруг чекал со пријавата.
Во меѓувреме се огласи мајката на Каролина која го поддржува нејзиниот зет. Според неа, тој се плашел дека нивното дете ќе биде испратено во дом за сираци, па затоа се двоумел дали и кога да пријави.
Според последните информации, Ерика, свекрвата на Каролина, уште не е лоцирана, додека блиските на мисицата, вклучувајќи ја и нејзината мајка, планираат да одат на протест.
„Да бидеме гласни за мојата ќерка за нејзиното име да не биде уште една статистика“, порача таа на социјалните мрежи.
Надлежните, пак, велат дека убиството го класифицираат како фемицид.
Во Мексико се отвори и дебата за токсичните семејни односи што биле многубројни во државата. Некои зборуваат за преголемата вмешаност на родителите во бракот на нивните деца, што исто така била честа појава во Мексико.
Блиски на Каролина имаат изјавено и дека љубомората што ја чувствувала нејзината свекрва била преочигледна и честопати водела до конфликти во нивниот дом.
Спирова С. | Црнобело