„Се заразив со хантавирус во детството – имав ректално крвавење, до денес имам фобија од повраќање“
Додека била болна, Шанија вели дека чувствувала толку многу болка, што никој не можел ни да ја допре.
Кога, пак, оздравела, одела на прегледи уште две години бидејќи тогаш експертите знаеле малку за вирусот.
„Имам многу сеќавања од тој период бидејќи беше многу трауматичен. Никогаш нема да заборавам. Се сеќавам дека прво имав симптоми како на грип и ми даваа антибиотици.
Потоа еден ден почна ректалното крвавење. Болеста ме погоди силно и оттогаш ниту една друга болест не ме натерала да повраќам толку многу.
Кога ме дијагностицираа, лекарите побараа дозвола од мајка ми да документираат сè за мојот случај бидејќи беше многу редок“.
Шанија вели дека ја добила точната дијагноза благодарение на лекар кој само што се вратил од семинар за хантавирус.
„Ме испратија во детска болница и таму ми ја потврдија дијагнозата. Под кожата имав и некаков исип и мајка ми ми кажуваше дека не можела ни да ме допре бидејќи сè ме болело“.
Шанија вели дека околу две недели симптомите ѝ биле многу изразени, пред да почне да се подобрува.
Сепак, вели дека ни лекарите не можеле да утврдат од каде се заразила со вирусот.
Претпоставиле дека веројатно допрела измет од заразено животно додека си играла во дворот од семејната куќа бидејќи видот што го имала таа не се пренесувал од човек на човек.
Откако оздравела, Шанија вели дека продолжила со лекарски прегледи уште две години.
„Мајка ми проверуваше дали имам крв секојпат кога одев во тоалет. Ѝ рекоа дека вирусот може да има влијание врз моите бубрези или видот.
За среќа немав долготрајни ефекти, но во детството и во тинејџерските години имав анксиозност и постојано се плашев дека ќе умрам од некоја ретка болест. Имам и фобија од повраќање“.
Шанија вели дека одлучила да го сподели своето искуство сега за да ги натера луѓето ода бидат повнимателни.
„Велат дека е тешко да се заразите со вирусот и дека ризикот е мал. Но, за мене ова беше страшно и ужасно искуство кое не му го посакувам на никој.
Тоа што знам дека има луѓе кои страдаат сега ме плаши. Само се надевам дека ќе заздрават како мене“.
Спирова С. | Црнобело