Трагична приказна: Девојка од Британија забременила на 11 години од постариот брат што ја злоупотребувал од 7 - завршил во затвор
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Вистината за Треса Мидлтон (32) од Велика Британија изглегла на виделина доцна. Мајка ѝ прво лажела и Треса била мета на осуда. Но, всушност, таа била злоупотребувана од својот постар брат Џејсон од околу седумгодишна возраст. Родила негово бебе, а тој бил осуден на четири години затвор во 2009. Потоа, бебето завршило во дом, а таа станала зависник. Но, денес е чиста и е мајка на 4 деца, покрај на првото дете, кое не е со неа.

Треса Мидлтон (32) од Велика Британија е мајка на 4 деца, под 9 години. Таа вели дека иако сè уште е млада жена, не се чувствува така.
„Се чувствувам како старица...“, се жали таа, поради сè што преживеала досега.
Нејзиното најмало дете има само три месеци. Неговите сестри имаат осум, четири и две години.
Но,Треса Мидлтон не е обична мајка. Таа пред 20 години таа влезе во историјата како најмладата мајка во Британија.
Беше бремена на 11 години, а роди во јуни 2006 година, на само 12 години.
Нејзината шокантна приказна завршила на насловните страници на весниците и поттикна дебати.

Нејзиното дете (ќе го викаме со прекар Ени) било одземено од неа и ставено во згрижувачки дом (како и Треса извесно време), а подоцна било посвоено.
Сè уште е болно што токму мајката на Треса, која во тоа време знаела само дел од вистината, ја продала приказната на медиумите.
Треса била пијана на забава, се тврдеше тогаш, и така останала бремена, пишуваат британските медиуми.
Таа во тоа време станала симбол за „сè што не е во ред“ со младината.
Дури во 2010 година, кога ја интервјуирале новинари од Daily Mail, вистината излегла на виделина.
Треса всушност била злоупотребувана од својот постар брат Џејсон од околу седумгодишна возраст. Бебето било негово.
Тој бил осуден на четири години затвор во 2009.
Зошто Треса молчела? Од истите причини како многу жртви на семејна злоупотреба: семејна лојалност, страв да не го „растури семејството“, чист страв.

Треса подоцна се обидела да ја раскаже сопствената приказна. Нејзината автобиографија „Tressa: The 12 Year-Old Mum“ е објавена во 2015.
Таа книга е приказ на детство обележано не само со злоупотреба, туку и со зависност од дрога и алкохол, од кои е речиси невозможно да се изгради нормален живот.
Некое време Треса била изгубена. Во тинејџерските години и раните дваесетти западнала во истата зависност од дрога, што ги уништила и нејзините родители.
Таа и нејзиниот тогашен партнер Дерек Јанг користеле хероин и краделе за да ја финансираат зависноста.
„Изненадена сум што сме уште живи“, признава денес.
„И искрено би преферирала смрт отколку да се вратам на тој живот...“
Како е сè уште жива? Одговорот се нејзините деца.

„Се откажавме од дрогата целосно кога дознав дека сум бремена со Аријана во 2016.
Секогаш сум сакала да бидам мајка. И не сакав да им дадам на социјалните служби причина да ми земат уште едно бебе“.
И покрај сè, вели дека нема да има повеќе деца. Побарала стерилизација по раѓањето на Кејрен.
„Ги сакам моите деца, но не би можела да издржам уште една бременост“.
Нејзиното тело има трајни последици од бременоста на толку рана возраст.
„Бидејќи ја имав Ени кога бев толку мала, градниот кош ми се проширил и останал така. Како да сум деформирана“.
Таа сега е мајка на девојчиња, од кои најстарата е на возраст како и таа кога била злоупотребена.
Таа кимнува. „До таа возраст, кај мене злоупотребата веќе почна.
Не само од Џејсон, туку и порано имаше двајца мажи од нашата улица. Тоа беше манипулација. Џејсон не беше првиот.