Брат за медал! 11-годишно момче секој ден ѝ прави нова фризура со плетенки на сестричката – има смислено 300 различни
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Момчето е толку многу усовршено, што има измислено 300 уникатни фризури со плетенки за неговата сестричка, за само една година – стана вирален хит на кинеските социјални мрежи.

11 годишно момче од Кина, кое е познато како Хуанг, привлече големо влијание на кинеските социјални мрежи и за кратко време стана вирален хит со видеата кои мајка му ги споделува, како што пишуваат локалните медиуми.
На снимките се гледа како момчето ја плете косата на неговата 3-годишна сестра, а тоа го прави толку умешно, како да има долгогодишно искуство.

Овој брат кој заслужува медал, ужива во својата обврска, а за својата сестра секој ден смислува нова фризура и досега има направено 300 различни модификации со плетенки.
„Мојот син е многу талентиран за направи сам проекти. Почна да ја плете косата на сестра му кога таа имаше само една година. Вистински ужива во тоа. Може да ја заврши фризурата за 20 минути.
Верувам дека тоа е затоа што секојдневно го прави тоа и веќе природно му доаѓаат нови идеи. Некои се инспирирани од фотки и видеа, а некои се целосно негова креација.
Тој го прави толку добро тоа, што јас веќе не знам да ѝ направам фризура со плетенки на ќерка ми“ – изјавила неговата мајка за кинескиот Post.

Момчето изгледа како да е стручен фризер, а на видеата се забележува како ја прска со вода косата на девојчето за полесно да ја моделира, држи чешел во уста и има цел сет и препарати потребни за да направи уникатна фризура.

Погледнете како изгледа процесот на правење фризура:
M. M. | Црнобело