Трагична приказна: Девојка од Британија забременила на 11 години од постариот брат што ја злоупотребувал од 7 - завршил во затвор

Сега најмногу се плашам за ќерка ми Аријана, бидејќи нема чувство за опасност.
Размислувам да ѝ ставам тракер во чевелот.
Имам и син, но она што ми се случи со брат ми никогаш нема да се случи во моето семејство. Тоа е моја должност“.
Нејзиното детство било во екстремна сиромаштија во Шкотска, и со насилство како „нормален дел од животот“.
Се сеќава како татко ѝ ја тепал мајка ѝ Трејси. Не се сеќава кога првпат ја видела мајка ѝ пијана или на дрога, но вели дека како отсекогаш да ја памети дека била под дејство на супстанции.
Семејството било познато на социјалните служби.
Треса и нејзините браќа и сестри биле згрижувани во дом или во згрижувачки семејства, па враќани назад.
На три години била во згрижувачко семејство заедно со сестра ѝ, на четири или пет години се вратила кај мајка си, но на седум повторно била одземена.
Живееле на различни адреси, а понекогаш во прифатилишта за бездомници.
Но поголемата опасност доаѓала од внатре: нејзиниот брат Џејсон, пет години постар, веќе започнал да ја злоупотребува.
Кога имала 11 години кога се посомневала дека е бремена, мајка ѝ реагирала насилно, убедена дека таткото е друг млад човек од соседството.
Кога вистината станала јасна, избувнал скандал кој стигнал до полиција и судови.
И покрај притисокот, Треса одбила абортус. „Ја сакав“, вели за бебето.
По 16-часовно породување, во јуни 2006 година се родила Ени. Детето било посвоено.

Следните години биле хаотични: дрога, крадење, преживување. Таа и партнерот краделе за да купат хероин.
Пробале метадонска терапија, но зависноста продолжила.
Бременоста со Аријана во 2016 го променила сè и оттогаш тврди дека е чиста.
Се плашела од социјалните служби, но вели дека научила да соработува со нив. Смета дека тие не се „лошите“, туку луѓе што сакаат безбедност за децата.
Денес работи како козметичарка и сака да стане советник за зависности.
Мајка ѝ починала во 2012 на 41 година, а татко ѝ во 2024.
Нејзиниот брат Џејсон сè уште е жив, но таа нема контакт со него.
На погребот на татко ѝ го видела кратко и неговата прегратка ѝ значела многу, иако не сака да биде дел од неговиот живот.
Сега сака само едно: нејзините деца да имаат подобар живот од нејзиниот.
„Им велам на ќерките: завршете училиште, одете на факултет, возете, патувајте. Не го живејте животот што јас го живеев“.
С. С. | Црнобело