„И јас бев дрогирана и силувана од сопругот како Жизел Пелико – чекав 2 години да го уапсат, дури и со негово признание“
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
„Искуството со институциите беше исто лошо колку и силувањето. Имаа мои медицински досиеја, сите информации, дури и признание од него“, раскажува жена од Англија која вели дека не ни знае колкупати била силувана од партнерот додека била заспана со седативи. А, дознала дека партнерот ја силува само затоа што една ноќ се разбудила.

Страшниот случај со Жизел Пелико до јавноста доближи сериозен проблем на кој претходно не му се обрнуваше многу внимание.
Храбрата Французинка со години била дрогирана и силувана од нејзиниот сопруг. Уште пострашно е што тој викал и други мажи да ја силуваат.
Жизел одлучи судењето на нејзиниот сега поранешен сопруг и силувачите да биде јавно со цел да ја зголеми свесноста за овој проблем.
Благодарение на неа, и други жени кои се нашле во слична положба се охрабриле да побараат помош, но и да зборуваат јавно.
Жизел Пелико
Но, некои приказни покажуваат дека во многу ситуации, надлежните институции сепак не им нудат соодветна заштита на жените и тие не ја добиваат заслужената правда.
Зои Вотс и Аманда Стенхоуп од Англија биле дрогирани и силувани од нивните сопрузи, а сега започнаа кампања за да ја зголемат свесноста за овој страшен феномен за кој велат дека станува сè поприсутен.
Тие велат дека се само две во морето жени кои се соочиле со истата голгота, од кои голем дел биле изневерени од институциите.
43-годишанта Зои вели дека разговарала со три медицински лица за нејзината ситуација, но никој не пробал да ѝ помогне. Дури кога мајка ѝ истапила и пријавила во полиција, надлежните го презеле случајот во свои раце.
Во Англија нема закон според кој здравствените работници треба да пријават ако сметаат дека безбедноста на нивен пациент е загрозена. Но, ова сепак се гледа како нивна професионална должност.
Денес поранешниот сопруг на Зои е зад решетки, а добил 11-годишна казна затвор.
Аманда, пак, вели дека таа самата го пријавила нејзиниот партнер, но биле потребни дури две години за да биде приведен.
Зои вели дека ова е криминал за кој никој не сака да верува дека се случува.