Свадба завршила со трагедија: Младоженецот загинал во хеликоптерска несреќа неколку часа по прославата
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
На свадба во Америка, момчето и невестата тргнале со хеликоптер кон аеродром за да одат на нивниот меден месец. Но, летот кој требало да трае само 25 минути завршил кобно – младоженецот загинал откако хеликоптерот се срушил, а невестата се здобила со повреди и моментално е во болница.

Свадба во Џорџија, Америка, завршила со трагедија откако 25-годишниот младоженец загинал во хеликоптерска несреќа кратко по прославата.
Покрај младоженецот, чие име Дејв Фиџи, загинал и пилотот, додека невестата, Џесни, преживеала, но се стекнала со повреди и моментално е во болница.
Како што споделуваат американските медиуми, момчето и невестата се качиле во хеликоптерот веднаш по прославата, од каде што требало да одат на аеродром за нивниот меден месец.
Таткото на младоженецот откри дека и тој бил пилот, па бил малку загрижен за маглата и врнежливото време на кобната ноќ.
Сепак, со новата сопруга се качиле во хеликоптерот. Семејствата на младенците почнале да се загрижуваат кога по неколку часа не можеле да ги добијат.
„Свадбата беше убава, совршена. Пробавме да го добиеме Дејв, му пишувавме пораки, му се јавувавме, но не добивме никаков одговор откако полетаа“, споделува таткото на младоженецот.
Тој додава дека се разговарало и да го откажат летот.
„Поради временските услови летот требаше да се откаже. Но, кога дојде хеликоптерот, пилотот беше уверен дека нема да биде проблем, иако почна да врне“.
Летот требало да трае само околу 25 минути, но семејствата чекале неколку часови пред да ги слушнат лошите вести.
За невестата, Џесни, велат дека не е во животна опасност, но дека е во лоша психичка состојба.
„Ни кажа дека кога се разбудила, била под рушевини од аеродромот. Се разбудила и го видела (младоженецот) како лежи на нејзините гради.
Таа е медицинска сестра, но кога го допрела, веќе бил мртов“, открива таткото на Дејв.
Според досегашните информации, несреќата се случила во петокот (29.05), а хеликоптерот се срушил околу 22:35 часот, во шума во близина на местото каде што се одржувала свадбата.
Хеликоптерот удрил во неколку дрвја пред да падне на земјата, а надлежните споделија дека немало пожар.
Истрагата за несреќата уште е во тек и допрва треба да се утврди дали причината се лошите временски услови или нешто друго.
„Метеоролозите го проучуваат времето за да утврдат какво влијание имало врз летот.
Првичните информации покажуваат дека имало потенцијал за дожд, облаци и грмежи во областа“, споделија надлежните.
Семејството на младоженецот сега се подготвува за неговиот погреб, додека чекаат невестата да биде пуштена од болница.
Родителите на младоженецот велат дека биле горди на него и го опишуваат како „дар од Бог“.
„На лицето на син ми додека траеше венчавката видов некаков посебен сјај. И двајцата ни кажаа дека на олтарот можеле да го почувствуваат присуството на Бог.
Неговата сопруга секогаш вели дека не постои маж ако Дејв. Беше добар, беше нежен, беше несебичен. Тоа беа нејзини зборови“, споделува мајката на младоженецот.
Спирова С. | Црнобело