Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претворен во депонија (видео)
Само на 20-ти мај 2026, планината ја искачиле дури 274 планинари, со што беше срушен рекордот за најмногу искачувања во еден ден.
И, јасно е дека високите цени не ги спречуваат авантуристите.
Од септември минатата година, дозволата за искачување чини 15.000 долари. Овде се и другите трошоци за патот до Непал, тамошниот престој, опремата и слично.
Од една страна, експертите критикуваат што им се дозволува на толку многу луѓе да се качуваат на планината.
Но, организаторите на експедицијата велат дека можат да се справат со ризиците.
Во голема мера, јавноста се согласува со експертите, особено кога е во прашање несовесното однесување на луѓето.
„Сите планинари треба да враќаат сè што однеле на врвот. Може да остават и депозит, кој нема да им биде вратен ако ја загадат планината. Не ми се верува како некои се искачуваат за да може да се пофалат со тоа, а воопшто не се грижат за природата“.
„Сметам дека треба да се забрани искачувањето сè додека не се исчисти областа“.
„Ние луѓето сме навистина најодвратни суштества на Земјата“.
„Забранете им на вакви идиоти да се качуваат на Еверест“.
„Што ќе биде однесено горе, МОРА да се врати долу. Ако некој остава ѓубре, треба да ги покрие трошоците за чистењето“.
Спирова С. | Црнобело