Била привремено слепа од тетоважа на очите, има „вампирски“ заби: Како изгледа најтетовираната жена во Австралија?
- Детали
- недела, 07 јуни 2026
Дури 98% од телото на Амбер Лук од Австралија е покриено со тетоважи. Таа има многу пирсови, врвот на јазикот ѝ е исечен, ги има тетовирано очите, а сега ќе прави нелегални модификации на телото во Шпанија. Бизарно, зарем не?

Амбер Лук од Австралија важи за најтетовираната жена во својата земја и иако скоро целото тело ѝ е покриено со тетоважи, вели дека нејзината „трансформација“ уште не е завршена.
Неодамна 31-годишната Австралијка сподели дека отишла дури до Шпанија за да направи модификација на телото што е нелегална во нејзината земја.
На својот Инстаграм профил, Амбер откри дека ќе си прави дупка на ушната школка – модификација позната како coin slot која изгледа навистина болно.
Исто така откри дека ќе става силиконски имплант под кожата на едната рака.
Како што вели самата, овие модификации биле забранети во Австралија веќе седум години.
Таа опишува и како изгледа модификацијата на увото:
„Ќе ми направат дупка на ушната школка, а потоа во неа ќе стават неколку обетки. Изминатава година планирав и модификација на дланката – ќе си ставам силиконска панделка под кожата“.
Ваквите модификации се забранети во Австралија бидејќи се многу ризични, но ова не ја спречува Амбер да ги направи.
Инаку, целото тело на Амбер е покриено со тетоважи за кои вели дека има потрошено над 280.000 долари.
Таа ги има тетовирано и очите, и тоа двапати, без разлика што по првата процедура завршила со проблеми - била слепи три недели и чувствувала страшна болка.
Кога закрепнала, решила да ја повтори процедурата, но овој пат во Бразил.
И, тогаш тврдеше дека од бизарната процедура нема ризици.
„Повотрно ќе ги тетовирам очите бидејќи првиот обид беше неуспешен. Луѓето ме прашуваат зошто повторно се ставам во ситуација која знам дека е ризична.
Но, вистината е дека оваа процедура не е воопшто ризична ако се изведе правилно“.
Амбер пред да си го промени изгледот
Дури 98% од телото на Амбер е покриено со тетоважи, а дел од нив се и со сатански симболи. Врвот на јазикот ѝ е пресечен на пола, а белките на очите ѝ се тетовирани со темна боја.