Била привремено слепа од тетоважа на очите, има „вампирски“ заби: Како изгледа најтетовираната жена во Австралија?
Таа има направено модификации и на нејзините заби – има циркони, додека тројките ѝ се поголеми и ѝ изгледаат како „вампирски“ заби.
Во интервју, Амбер има изјавено дека иако си го сака изгледот, сепак ѝ создава проблеми во секојдневието.
„Имам многу тетоважи, но не сум повредила никој со тоа. Секој може да мисли што сака, но не ми се допаѓа кога луѓето ми дофрлаат во јавност, особено кога ми велат дека сум си го ’уништила‘ изгледот со тетоважите.
Но, убавината е различна за секој. Има култури каде што луѓето си ги издолжуваат вратовите, ушите, усните…
Нема да лажам, мојот изглед ми ги има ограничено можностите за работа, но тоа е во ред. Бидејќи, јас не би сакала да работам во компанија со плитки луѓе на кои изгледот им е најважен“.
Амбер е активна и на Инстаграм каде што има над 29.000 следбеници.
Спирова С. | Црнобело