Скандалозниот син на норвешката принцеза ќе оди во затвор за силување, таа чека донор за трансплантација на бели дробови
На крај, Мариус бил прогласен за виновен за некои од посериозните обвиненија, а не бил присутен во судница кога ја кажувале пресудата – судењето го следел преку видеоповик, од притвор.
Ова е особено тежок период за мајката на Мариус, принцезата Мете-Марит, која моментално се соочува со сериозни проблеми со здравјето.
Мете-Марит има неизлечлива болест на белите дробови, а на неодамнешен кралски настан дојде со боца со кислород.
Набрзо потоа од кралското семејство споделија дека нејзиното здравје е влошено и дека таа чека ред за трансплантација на бели дробови.
Засега се откажала од сите кралски должности, а операцијата ќе била изведена веднаш штом ќе се најде соодветен донор.
52-годишната Мете-Марит беше дијагностицирана со болеста во 2018 година.
Таа се бори со редок вид на пулмонална фиброза – заболување што го отежнува дишењето и што ги оштетува белите дробови, поради што се намалува дотокот на кислород низ телото.
Откако ја доби дијагнозата, многупати мораше да откажува присуство на настани, но генерално се држеше добро.
Сепак, изминативе шест месеци состојбата значително ѝ се влошила, до тој степен што веднаш била ставена на листата на пациенти на кои им треба трансплантација.
Но, Мете-Марит се сочува и со трет проблем – ја поврзуваат со педофилот Епстин.
Документите што беа објавени во врска со педофилот открија дека таа била во контакт со него.
Иако принцезата не е обвинета дека правела нешто нелегално со него, самото познанство ѝ ја расипа репутацијата.
Остана бремена од криминалец, па се омажи за идниот крал на Норвешка - Која е принцезата Мете-Марит?
Мете-Марит се извини и кажа дека направила „лоша процена“ за Епстин, како и дека се кае за тоа што контактирала со него.
Спирова С. | Црнобело