Меланија мами воздишки во тесен црн фустан на 80-тиот роденден на Трамп – претседателот загрижува со модринките на дланките
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
Во неделата, Трамп го прослави 80-тиот роденден со огромен настан во Белата куќа кој вклучуваше и боречки натпревар во дворот. Настанот истовремено е дел од многуте прослави по повод 250-тата годишнина од независноста на САД. И, додека за изгледот на неговата сопруга се зборува и неколку денови по прославата, Трамп загрижува со отечените глуждови и пудрата на дланките со која наводно ги криел модринките.

Периодов во фокус на американската јавност е роденденот на претседателот Доналд Трамп.
Во неделата (14.06) тој наполни 80 години, а постепено му се доближува и на рекордот како најстариот претседател на САД.
Единствено неговиот претходник, Џо Бајден, беше постар – ја напушти функцијата на 83 години.
На 4-ти јули, пак, Америка ја слави 250-тата годишнина од независноста, па Трамп реши да направи голема прослава во чест на својот роденден, но и независноста.
Прославата се одржуваше во дворот на Белата куќа, а главниот настан беше UFC (Ultimate Fighting Championship) натпревар со боречки вештини.
Во дворот на Белата куќа беше инсталиран голем боречки ринг, а како што споделуваат медиумите, Трамп самиот бил задолжен за најголем дел од билетите за гостите.
За рингот биле одвоени 60 милиони долари.
Натпреварот во боречки вештини беше само еден од многуте настани кои ќе се одржат по повод 250-тата годишнина од независноста на Америка.
На настанот во неделата присуствуваа важни луѓе, како и поддржувачи на Трамп, но дефинитивно најмногу внимание привлече првата дама за чиј стајлинг се зборува и два дена подоцна.
Како што споделуваат изворите, Меланија била облечена во Dolce & Gabbana.
За разлика од нејзините поелегантни аутфити за важни настани, овој пат Меланија избрала малку посмела комбинација.
Првата дама носеше тесен црн фустан, кожена јакна и црни штикли, а комбинацијата беше дополнета со минималистичко дијамантско ланче кое го добила на подарок од мајка си.
Мајката на Меланија е почината, но на настанот беше забележан нејзиниот татко, Виктор.
Нормално, на настанот присуствуваа и други членови од семејството Трамп, како Иванка и нејзиниот сопруг, Доналд Трамп Џуниор, Тифани Трамп, како и синот на претседателот – Барон.
Но, додека Меланија мамеше воздишки со изгледот, некои изразија загриженост за претседателот Трамп.