„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сака да си го промени полот, туку само затоа што не ѝ се допаѓало како изгледаат. Бизарно, зарем не?

Мастектомијата е операција со која се отстрануваат дојките, најчесто поради рак.
За мастектомија се одлучуваат и трансродови лица, односно жени кои сакаат да си го променат полот.
Но, Сијара Лутон од САД не спаѓа во ниту една од двете категории, но сепак решила да си ги отстрани двете дојки, само затоа што не ѝ се допаѓало како изгледаат.
30-годишната Американка вели дека не сакала како ѝ стои облеката и повеќе ѝ се допаѓал „машки“ изглед на телото, но вели дека воопшто не се чувствува како маж.
Сијара, која има над 150.000 следбеници на ТикТок, често објавува за својата операција, а додава и дека се соочува со многу критики.
„Воопшто не ми се допаѓаше како ми стои облеката, ниту како изгледам без облека. Кога веќе не можев да си ги кријам градите со спортски градник, почнав да ги стегам.
Но, сфатив дека ако не ми се допаѓа нешто на телото, можам да го променам“.
Таа открива и дека операцијата ѝ била покриена со здравствено осигурување, но не споделува како.
„Сакав тело кое повеќе изгледа машко, но не се идентификувам како маж. Не мора да бидам трансродова личност за да немам гради и да излегувам без маица.
Сакав да бидам среќна, па направив двојна мастектомија. Операцијата беше покриена со моето здравствено осигурување. Ако требаше да ја плаќам јас, ќе ме чинеше околу 7.800 долари“.
Што се однесува до коментарите од другите, вели дека доминираат критики кои искрено не ги очекувала.
„Замислете го најлошото нешто што може да ви го каже некој – мене ми го кажале милион пати. Некои ми велат дека треба да се убијам, дека сум одвратна…
На почетокот ова многу ме повредуваше. Изгледа дека секој маж онлајн мисли дека не можам да бидам жена ако немам гради“.
Сијара ја направила операцијата во 2023-та, а вели дека имала поддршка од целото семејство.
„Мајка ми се грижеше за мене по операцијата, а добив поддршка и од моите браќа. Баба ми прво се чудеше, но сега ми вели дека изгледам одлично.
Бев пресреќна кога се погледнав во огледало по операцијата. Плачев и бев благодарна“.