На инфлуенсерка која била намамена во Дубаи ѝ се заканува смртна казна со стрелање – убила маж во самоодбрана

Млада инфлуенсерка од Англија моментално е во затвор во Дубаи откако во самоодбрана го убила мажот кој бил на патувањето со неа. Нејзиното семејство се сомнева дека мажот ја намамил во Дубаи за потоа да ја експлоатира бидејќи не ѝ купил повратна карта, ѝ го криел пасошот, а одеднаш станал и насилен кон неа.

na-influenserka-koja-bila-namamena-vo-dubai-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-so-strelanje-ubila-mazh-vo-samoodbrana-01.jpg

Пред војната во Иран и САД, многумина го гледаа Дубаи како град на раскош каде што можат да си ги исполнат соништата.

Дубаи навистина е град на богаташи кои овде имаат многу можности, но оние кои одат таму со надеж да успеат во нешто, обично ги забораваат строгите закони, но и лошата страна на градот.

Британската инфлуенсерка Брук Џорџ го сфатила ова на потешкиот начин – сега се соочува со смртна казна, откако била обвинета за убиството на 26-годишен маж во Дубаи.

Обвинета е дека го прободела со нож, но таа тврди дека делувала во самоодбрана.

na-influenserka-koja-bila-namamena-vo-dubai-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-so-strelanje-ubila-mazh-vo-samoodbrana-04.JPG

Според досегашните информации, мажот што го убила се бика Брил Тереби, исто така е од Англија и тие биле во романтична врска.

Моментално девојката се наоѓа во затвор во Дубаи.

Организација која се бори за правата на странците кои се затворени во Дубаи работи ги моли надлежните да го гледаат инцидентот како случај на семејно насилство и бараат инфлуенсерката да биде ослободена со кауција додека трае истрагата.

„Откако ја нападнал и ја удрил во лицето, зела нож.

Надлежните мора да го третираат случајот како семејно насилство додека трае истрагата“, вели извршната директорка на организацијата.

na-influenserka-koja-bila-namamena-vo-dubai-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-so-strelanje-ubila-mazh-vo-samoodbrana-08.JPG

Според она што Брук им го кажала на родителите, мажот бил од истиот британски град како и неа, а се запознале на Фејсбук.

Почнале врска и набрзо потоа отишле на една недела во Дубаи – патување за кое вели дека поминало одлично.

Но, кога вторпат отишле во Дубаи, инфлуенсерката вели дека неговото однесување се променило. Почнал да ја контролира и да биде физички насилен.

Исто така, дознала дека не ѝ купил повратна авионска карта, па поради ова почнала да се плаши за својата безбедност и барала начин да се врати дома, во Англија.

na-influenserka-koja-bila-namamena-vo-dubai-i-se-zakanuva-smrtna-kazna-so-strelanje-ubila-mazh-vo-samoodbrana-06.JPG

Една ноќ, додека биле излезени, Брук вели дека тој се опил и ја нападнал додека биле во автомобил. Нападот продолжил и откако се вратиле во станот каде што престојувале.

Семејството на инфлуенсерката вели дека таа им се јавила по нападот и звучела исплашено.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Инфлуенсерка го истетовирала цело тело – од гради до стапала и задник, потрошила 32.000 евра „Само долниот дел од стапалата, ушите и лицето ми се без тетоважа, а често добив...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...

Најчитани неделава