На инфлуенсерка која била намамена во Дубаи ѝ се заканува смртна казна со стрелање – убила маж во самоодбрана
Брук излегла од станот и со помош од пријатели успеала да купи авионска карта, а потоа се вратила само за да си го земе пасошот.
Нејзиното семејство вели дека тогаш мажот ја нападнал уште еднаш, па таа, плашејќи се за својот живот, зела нож и го прободела.
Брук била уапсена утрото на 22-ри јуни на аеродромот во Дубаи и веднаш била обвинета за убиство.
Според нејзиното семејство, додека ја пребарувале ја присилиле да се соблече, пред машки полицајци, без присуство на жена.
Исто така, не ѝ дале скоро никакво објаснување за целиот случај бидејќи не сакале да ѝ најдат преведувач.
„Откако Брук вторпат отиде во Дубаи, динамиката меѓу нив се промени. Денот пред инцидентот Брук делуваше чудно. Беше потивка и не беше весела како обично, но не ми кажуваше зошто.
Таа ноќ беа во бар во Дубаи. Кога разговарав со неа по инцидентот, беше преплашена. Никогаш не сум ја видела ќерка ми толку исплашена.
Плачеше и можев да видам дека едното око ѝ е отечено. Како мајка на Брук, многу сум загрижена за неа.
Верувам дека само очајно сакаше да си дојде дома и да побегне од она што ѝ се случило“, открива нејзината мајка.
Од организацијата за заштита на странци во Дубаи веруваат дека Брук можеби била намамена во градот како многу дури инфлуенсерки.
„Брук стои на ставот дека делувала во самоодбрана бидејќи искрено стравувала за својот живот.
Не треба да се третира само како осомничена, туку и како можна жртва на насилство кое треба да се истражи.
Работиме на тоа да ги заштитиме нејзините права за да добие фер судење.
„Изминативе неколку години има зголемен број на жени, вклучително и инфлуенсерки и модели, кои се намамени во Дубаи со ветување за луксузен живот, платена работа, одмори или романтични врски, за подоцна да бидат присилени на сексуална експлоатација, насилство и друг вид деградирање.
Најблиските на Брук сериозно се загрижени дека била намамена во Дубаи за експлоатација.
Нивната загриженост ја поткрепува и неочекуваната промена во однесувањето на мажот, билетот за еден правец, фотосесијата што ѝ ја организирал при првата посета и тврдењата дека ѝ го криел пасошот“, вели директорката.
Таа додава дека Брук наводно видела и вознемирувачки видеа на неговиот лаптоп и бараат мажот да биде истражен.
Доколку Брук биде прогласена за виновна, тогаш најверојатно ќе добие смртна казна и ќе биде егзекутирана со стрелање.
Спирова С. | Црнобело