Инфлуенсерка стана сензација преку ноќ поради сличноста со Ерлинг Халанд – и фудбалерот ѝ коментираше на објава
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Ема од САД е инфлуенсерка која објавува туторијали со фризури, но деновиве стана сензација откако инстаграмџиите почнаа да коментираат дека премногу личи на Ерлинг Халанд. Шегувајќи се за сличноста, Ема објави и видео во кое си прави фризура како фудбалерот, а тој пак ѝ остави лајк.

Млада инфлуенсерка од САД стана сензација преку ноќ откако инстаграмџиите почнаа да коментираат на нејзините објави дека е двојничка на норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд.
Ема Кејт Вилијам почнала да стекнува популарност со туторијали за фризури и на објави од пред само неколку месеци, има по околу 1.000 лајкови, па и помалку.
Но, благодарение на Светското фудбалско првенство и зголемената популарност на Халанд, и самата стана ѕвезда.
Сега младата Американка има над 180.000 следбеници на Инстаграм.
Ема вели дека кога првпат забележала дека има многу повеќе нотификации на Инстаграм, не ѝ било јасно што се случува.
„Мислам дека имаше над 10.000 коментари кои велеа дека многу личам ан Ерлинг Халанд“, сподели инфлуенсерката неделава.
Таа дури и се шегува што луѓето ја споредуваат со маж, а не со жена.
„Најпрво, зарем навистина најдобриот двојник што можевте дами го најдете е машки фудбалер? Навистина?
Сакам да се врати периодот кога ме споредувате со Зара Ларсон (позната пејачка од Шведска)“.
Во коментари на поновите објави на Ема, многу луѓе се шегуваат за сличноста меѓу инфлуенсерката и фудбалерот:
„Сите зборуваат за начинот на исхрана на Халанд. Еве ја неговата рутина за убавина“.
„Халанд, ти ја најдовме изгубената сестра“.
„Со среќа на брат ти. Навиваме за него“.
Ема сепак паметно ја искористи новостекнатата популарност, па и самата почна да се шегува за сличноста и објави видео на кое си прави фризура како на фудбалерот.
Халанд ѝ стиснал лајк на објавата.
На едно од нејзините највирални видеа, Халанд оставил и коментар кој има повеќе лајкови од самата објава.
Ема откри и дека ќе оди во Мајами каде што ќе учествува во натпревар за двојници на Халанд.
Победникот ќе добие два билета за натпреварот помеѓу Норвешка и Англија, па можеби Ема ќе има шанса да го запознае својот двојник.