Инфлуенсерка критикувана за аутфитот во Дизниленд: „Ми пријдоа вработени и ми кажаа дека пречам на посетителите“
- Детали
- недела, 29 март 2026
„Тоа е нешто што најнормално го носам на патувања и на други места. Не мислев дека ќе предизвика толку голема реакција тука“ - вели инфлуенсерката, на која вработени во Дизниленд ѝ пришле за да ѝ кажат дека им пречи на посетителите со несоодветниот аутфит, а сега ужива во 5-те минути слава.

Последниве неколку дена, во светските медиуми се зборува за бразилската инфлуенсерка Марина Смит.
Таа тврди дека за време на посетата во Дизниленд во Орландо, на 16 март, добила предупредување од вработените, дека одредени посетители се жалеле за нејзиниот несоодветен аутфит.
Според фотографиите, таа е облечена во фармерки и во бела кошула со гол стомак, како кроп-топ.

Марина изјавила дека дури и пред вработените да ѝ пријдат, таа забележала дека луѓето чудно ја загледуваат и си коментираат меѓусебно.
„Тоа е нешто што најнормално го носам на патувања и на други места. Не мислев дека ќе предизвика толку голема реакција тука.
Но, она што ми остави впечаток, е дека никој од луѓето не се осуди директно да ми пријде и да ми каже, туку се жалеле кај вработените“ – гласи нејзината изјава која ја пренесуваат медиумите.
Сепак, и покрај тоа што наводно вработените ја предупредиле за облеката, не ѝ било побарано да се пресоблече, ниту пак била избркана од забавниот парк, како што се има случувано во минатото.
Според дрескодот на Дизниленд, на сите посетители над 14 години им се забранува облека која открива кожа или која изгледа несоодветно за семејна околина, со оглед на тоа што голем број од гостите се деца со своите родители.
Таа на Инстаграм објави фотографија пред Дизниленд во контроверзниот аутфит и напиша: „Не секоја принцеза сака да биде спасена, некои сами си ја пишуваат приказната“.
Сега очигледно ситуацијава ѝ годи што ја прави светски славна, па си ги споделува и написите од медиумите, фалејќи се дека е толку битна, што дури и за нејзината облека се пишува насекаде.
M. M. | Црнобело
