Организирал лажен погреб, бил во затвор за силување: Кој е педофилот што планираше свадба со 9-годишно девојче во Дизниленд?
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
Британските медиуми го открија идентитетот на педофилот кој минатата недела пробал да организира свадба со 9-годишно девојче во Дизниленд во Париз. Досега организирал и други слични настани, како лажен погреб и лажна филмска премиера, веројатно за да ги емитува онлајн.

Мажот кој ја организирал вознемирувачката венчавка со 9-годишно девојче во забавниот парк во Дизниленд во Париз не само што бил педофил кој им е познат на надлежните, туку имал организирано и други слични бизарни настани.
39-годишниот Британец, чие име е Џаскарн Џај, платил околу 120.000 долари за да изнајми дел од забавниот парк, каде организирал „венчавка“ со малото девојче.
Платил стотина актери кои требало да глумат гости, а имал најмено и музичари.
Се претпоставува дека целиот настан требало да се емитува во живо, веројатно на платформа за педофили.
Претходно, тој организирал и други бизарни настани кои ги емитувал онлајн, а извесен период бил и во затвор за силување.
Бил уапсен во 2016 година за „груминг“ и силување на две 15-годишни девојчиња. Прво им се претставил како холивудски филмски продуцент и така успеал да ја стекне нивната доверба, пред да ги нападне.
Педофилот фотографиран во Лондон, како разговара со малолетни девојки пред аудиција за танцување
Минатата година, пак, организирал лажен погреб во Лондон со празен ковчег. Слично како со свадбата во Дизниленд, најмил актери за да присуствуваат на погребот.
Тој викнал и свештеник на кој му платил над 10.000 евра. Но, кога пристигнал на „погребот“ сфатил дека нешто не е во ред.
Свештеникот открива дека му кажале дека погребот е за 23-годишен маж од Латвија кој всушност бил прогласен за исчезнат. Педофилот, пак, се претставил како негов брат.
Свештеникот ја прекинал церемонијата кога сфатил дека целиот настан се снима, како и дека ковчегот е празен.