Организирал лажен погреб, бил во затвор за силување: Кој е педофилот што планираше свадба со 9-годишно девојче во Дизниленд?
Уште побизарен е инцидент од 2023-та, кога организирал лажна филмска премиера со црвен тепих. Некако успеал да најде и 90 деца и десетици тинејџери кои глумеле дека се публика на настанот.
На бизарниот настан имало деца и на 6-годишна возраст кои носеле школска униформа и кои требало да паѓаат во несвест кога педофилот се појавил пред нив.
Педофилот бил уапсен кратко по лажната филмска премиера, поради сомнение дека повторно извршил сексуален прекршок, но бил ослободен со кауција.
За ваквите бизарни настани, педофилот трошел илјадници долари, но не е познато од каде му се парите.
Минатата година, британскиот криминалец изведил и опасен трик – во источниот дел на Лондон експлодирал лажно полициско комбе. Тој ја снимал целата експлозија, а на видеото се појавува и без облека.
За ова не бил приведен, па останува мистерија како добил дозвола да изведе таков опасен трик во јавност и да ја загрози безбедноста на луѓето.
Што се однесува до вознемирувачката свадба, се појавија неколку скриншоти од видеа кои наводно се направени таму.
Иако не е официјално потврдено, на видеата, кои се со лош квалитет, се гледаат столчиња и цветни аранжмани во парискиот Дизниленд.
На некои од столчињата седат „гости“, а пред нив има и бина со микрофон.
За потсетување, настанот бил спречен од страна на вработените во Дизниленд кои повикале полиција штом забележале дека „невестата“ е мало дете.
Девојчето било облечено во венчаница и бидејќи му облекле и штикли, не можело да оди па го носеле во раце. Педофилот имал најмено 200 возрасни актери и уште 100 деца и наводно им платил по 200 евра.
Им дал инструкции да влезат во паркот, да аплаудираат и да се однесуваат како да се на „елегантна свадба“.
Уште не се знае која е причината за бизарните лажни настани што ги организира педофилот, но бидејќи ги снима, доминира претпоставката дека ги емитува на интернет.
Прочитајте повеќе: Маж организирал свадба со девојче (9) во Дизниленд, вработените го спречиле и пријавиле: Морничав случај во Франција
Спирова С. | Црнобело