„Свршеникот ми почина додека ја планиравме свадбата - отидов сама на нашиот меден месец во негова чест“

Инаку, Алиша започнала од Единбург, а во текот на 16 дена патувала низ целата земја, посетувајќи замоци, фарми и познати знаменитости.
Таа вели дека патувањето било токму она што ѝ било потребно за да почне да заздравува.
„Ја обожавам Шкотска. Прекрасна е, а и луѓето се прекрасни. Имаше многу солзи, но не беше толку мрачно и тажно како што очекував.
Наместо тоа, чувствував закрепнување.
Мислам дека добив чувство на затворање на едно поглавје. Секогаш ќе го паметам Крис и секогаш ќе биде со мене, но повеќе не чувствувам толкав товар дека никогаш не стигнавме до нашиот меден месец. Ние стигнавме“.

Иако патувала сама, Алисија чувствувала дека Крис постојано бил со неа.
Со себе понела дел од неговата пепел за да ја расфрли на местата каде што најсилно го чувствувала неговото присуство.

По трагичната загуба, Алисија ги повикува сите редовно да прават лабораториски анализи и да го следат своето здравје.
Таа објаснува дека не знаеле колку сериозно се влошила состојбата на Крис бидејќи со години не правел редовни контроли, а немал речиси никакви симптоми.
„Им велам на сите – барем еднаш годишно направете крвна слика и проверете ги вредностите. Крис прескокна неколку години без контроли и не знаевме колку висок му бил шеќерот“.

Таа порачува:
„Изгубивме еден посебен, грижлив и прекрасен човек поради оваа ужасна болест.
Кога ќе се навратам назад, сфаќам дека ова можело да се спречи само со редовни прегледи и едноставна анализа на крвта. Тоа е сè што било потребно.
Ќе требаше да направи промени во животниот стил, но денес ќе беше жив. Затоа ве молам – направете си крвни анализи. Некому сте му потребни. Некој ве сака“.
С. С. | Црнобело