Во Австралија се плетат џемперчиња за болните пингвини

Австралиската фондација за заштита на пингвини започнала кампања со собирање џемпери за загрозените припадници на оваа врста птици.

vo-avstralija-se-doniraat-dzempercinja-za-bolnite-pingvini-01

Фондацијата ги користи џемперчињата за време на рехабилитацијата на пингвините кои се најзагрозени од нафтените остатоци во водата од рибарските бродови.

Џемперите се плетат во рамки на програмата „Knits for nature“ и досега се пристигнати околу 300 џемперчиња со различни бои и дезени, благодарение на многу волонтери.

Оваа бројка не е доволна, па фондацијата ги повикува сите оние кои сакаат да се придружат и да сплетат некое џемперче за малите пингвини.

Тие им овозможуваат на пингвините да ја одржат оптималната телесна температура, а истовремено ги спречува со клунот да си ги чистат перките кои им се извалкани со нафтено отровно масло.

На овој начин може да им се помогне, за да се заштитат, затоплат и да изгледаат толку неодоливо.

Би можело да ве интересира:

Собираат и до 4.000 евра неделно – Што се случува со паричките собрани во најпознатата фонтана во Ри... За влегување во водата на Фонтана Ди Треви во Рим можете да добиете парична казн...
Изнесување мртовечки ковчези, заштита од вештерки: Зошто Американците правеле криви прозорци? Името „прозорец за вештерки“ доаѓа од старото суеверие во САД дека вештерките не...
ZARA обвинета дека се потсмева на загинатите цивили во Газа поради рекламни фотки со искршени статуи На нова рекламна кампања од ZARA, модели позираат во просторија со искршени стат...
Брутално искрена кампања: Зошто родителите не треба да објавуваат фотографии од своите деца на социј... „Мојот лик може да биде искористен за документи во банка или пак мојот глас може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg