Девојката која пишува љубовни писма на непознати...

Луѓето понекогаш знаат да прават чудни и неочекувани работи. Понекогаш овие работи знаат да донесат непријатни емоции и болка на луѓето околу нив, но понекогаш и нешто позитивно.

devojkata-koja-pishuva-ljubovni-pisma-na-nepoznati-01.jpg

Оваа приказна не е негативна. Оваа приказна зборува за една девојка која решила да ги бара оние кои се речиси невидливи, или барем се чувствуваат така и да им донесе нешто позитивно во животот.

Хана Бренчер пишува романтични писма и ги остава насекаде во својот град за да ги пронајдат различни луѓе.

Првото писмо кое некогаш го напишала било именувано како „Ако го најде ова писмо, тогаш е за тебе“.

Можете да замислите случајно писмо во автобусот во кој секојдневно се возите или можеби ненадејно го пронајдовте во вашиот џеб? Писмо кое ќе ви даде трошка надеж дека постои добрина, дека некој ве забележал, дека некој знае колку ви е тешко?

Нејзината идеја набргу се проширила, а сега постои и интернет страна за љубовни писма. Страна која ги поврзува луѓето кои имаат потреба од љубов со оние кои можат да ја покажат преку писмо.

Една таква приказна е за самохраната мајка Бријана која открила писмо од Хана. Животот одеднаш добил поинаква смисла за неа.

Ставете се на местото на оваа жена. Можете да замислите колкаво олеснување е да знаете дека не сте сами? Дека постои некој невидлив конец кој ве поврзува со друга личност? Животот одеднаш станува полесен, нели?

Добрината се појавува тогаш кога најмалку ја очекувате.

Денес направивте некоја добрина?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уапсен осомничениот за атентатот на Чарли Кирк: Има 22 години, татко му го пријавил во полиција Гувернерот на Јута откри дека го уапсиле осомничениот за убиството на политичкио...
Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантна...
Бизарна сцена: Италијански водител среде емисија во живо лиже стапало на гостинка (видео) Италијански водител приреди бизарна сцена со една од најпознатите инфлуенсерки в...
Сопрузите имаат дозвола да ги тепаат, не смеат да зборуваат во јавност: Како изгледа животот на жени... На жените им е забрането да бидат прегледувани од машки лекари. Но, истовремено,...
Закопани тела на девојки, скриен крематориум: Што има на озлогласениот ранч на Епстин во Ново Мексик... Дури сега надлежните првпат го пребаруваат ранчот на Епстин во Ново Мексико каде...
Трагичната приказна за близначките Кејтлин и Хедер од САД: „Сестра ми ја најдоа заклучена во кутија ... „Мојата сестра близначка Кејтлин немаше активност на социјалните мрежи повеќе од...

Најчитани неделава