Контроверзна шминка инспирирана од ураганот Ирма ги разлути сите на Твитер

Убаво е да се задржи ведрината во тешките моменти, но некои луѓе ја преминуваат границата и од сè сакаат да направат тренд.

kontroverzna-shminka-inspirirana-od-uraganot-irma-gi-razluti-site-na-internet-01.jpg

Додека ураганот Ирма пустошеше низ Флорида, шминкерката Кали Харлоу се обиде на нелогичен начин да ја подигне свеста за помош на настраданите семејства. Таа креираше изглед инспириран од страшната природна катастрофа и го сподели тоа на нејзиниот Твитер профил.

/photo/1

Шминката, односно боите на сенката за очи наликува на изгледот на ураганот снимен со сателит. Фотката веднаш доби илјадници негативни коментари од луѓе кои се прашуваат како може некој  да си поигра со ваква сериозна работа.

Многумина беа лути од овој гест на шминкерката и коментираа дека ова е очаен начин да привлече внимание во кризни моменти.  Харлоу се обиде да објасни дека не мислела ништо лошо со оваа фотка, но на крај се извини за целата ситуација која предизвика контроверзии.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава