Наоружани чувари, детски работни кампови: 10 застрашувачки факти за скиентолошката црква

Актерот Том Круз е еден од најзначајните и најистакнати членови на скиентолошката црква, која како постојано да има проблеми со законот.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-01.jpg

Скиентолошката црква години наназад се поврзува со низа скандали и контроверзии. Таа има проблеми со законот, а начинот на нејзиното функционирање наликува на секта.

Том Круз е еден од познатите личности кои се дел од оваа т.н. религија, на која прво место и се финансиските донации од членовите.

Факти за скиентолошката заедница:

- Тие не веруваат во ментални болести и користењето на антидепресиви го сметаат за неодговорно однесување.

- Скинетолошката црква е поврзувана со тргување со луѓе, држење во заробеништво и комплетно контролирање на нејзините членови.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-02.jpg

- Често има проблеми со законот.

- Не е призната религија во светот и многумина ја сметаат за секта.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-03.jpg

- Во книгата „Beyond Belief: My Secret Life Inside Scientology and My Harrowing Escape“ поранешна членка на скиентолошката црква вели дека има работни кампови за деца и дека кога била мала минувала часови и часови работејќи напорно под пеколно жешкото сонце.

- Организираат испитувања на членовите на црквата и им вршат испрашувања пред камера.

- „The Hole“ е неофицијалното име на еден скиентолошки објект во Калифорнија за кој се вели дека има толку лоши услови што многумина го споредуваат со казнена камп во Северна Кореја.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-06.jpg

- Во 2004 година скиентолошката црква тврдеше дека има 15 милиони членови низ целиот свет, а сега наводно бројката е многу поголема.

- Црквата треба да ви го одобри партнерот и да процени што е најдобро за вас. Наводно така се споени Том Круз и Кејти Холмс.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-05.jpg

- Непријателски е настроена кон сите нејзини критичари.

- „Gold Base“ е името на главното седиште на скиентологијата во Калифорнија, на 100 километри од Лос Анџелес, кое е обезбедено со наоружани чувари, висока ограда, сензори за движење, камери итн.

naoruzani-chuvari-detski-rabotni-kampovi-10-zastrashuvachki-fakti-za-skientoloshkata-crkva-04.jpg

- Неколку необјаснети случаи на смрт на членови се припишувани токму на црквата.

- Прават „безбедносни“ испитувања на децата со 99 прашања од типот: „Дали некој ти кажал нешто да не кажуваш и што е тоа“, „Дали некогаш си одлучил дека не ти се допаѓа некој член од твоето семејство“...

Прочитајте и контроверзни правила за децата според скиентологијата!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
Жена со бизарна зависност да има што поголеми усни - става филери на 2 седмици, не може да ја затвор... Првата корекција на усните ја направила на 18 години и не сопрела оттогаш. Троши...
Трошел 10.000 евра дневно за храна, имал 120 автомобили: Како живееше Никола Саркози, пред да биде о... Откако беше избран за претседател на Франција, Никола Саркози стана познат по ра...

Најчитани неделава