Црква на Марадона, црква на Google - запознајте ги десетте најбизарни религии во светот

Освен тоа што е познат како одличен глумец, Том Круз најмногу се поврзува со религијата под името скиентологија. Тој стана втор човек на водечкото место на таа религија, во којашто исто така членува и Џон Траволта.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot-01.jpg

Оваа религија во одреден период комплетно го презема приватниот живот на Том Круз, што резултираше со развод со Кејти Холмс.

Но, постојат и многу побизарни религии од скиентологијата за коишто може да прочитате нешто повеќе:

Црквата на Марадона или Марадонизам

Можеби Марадона е еден од најголемите фудбалери во историјата, но сведоци сме дека е многу далеку од божество. Сепак, така не мисли и групата која денес брои преку 100.000 членови од 60 земји во светот. Црквата е формирана на 38-миот роденден на Марадона, на 30 ноември 1998 година. 

Лесно е да станете следбеник на оваа црква, само треба да почнете да ги броите годините од 1960 година, годината кога е роден Марадона и да ги користите изразите како „Нека Диего биде името на сите твои деца“ и „Шири ги вестите за чудата на Марадона“.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (1).jpg

Црквата на Ед Вуд или Вудизам

Некои луѓе веруваат дека своето спасение ќе го доживеат преку поклонување на американскиот режисер Ед Вуд. 

Тие веруваат дека неговите филмови ќе им помогнат во пронаоѓање на формулата за среќен живот, а еден од најглавните ритуали им е преоблекување во спротивниот пол, бидејќи режисерот честопати имал трансвестити во филмовите.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (3).jpg

Црквата на летечкото шпагети чудовиште

Една од најбизарните религии во светот е позната уште и под името пастафаријанизам и е започната од Боби Хендерсон како реакција на канзашкиот државен совет да воведе часови по креационизам во училиштата како алтернатива за еволуцијата.

Хендерсон барал да се предава и патафаријанизмот во училиштата како една од теориите на креационизмот.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (2).jpg

Црквата на евтаназијата

Свештеникот Крис Корда од Бостон ја основал оваа религија со цел да го нагласи фактот дека светот е пренаселен со луѓе и дека ако сакате нешто да преземете во врска со тоа, треба да се самоубиете. Исто така, оваа религија го оправдува и абортусот, канибализмот и содомијата.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (6).jpg

Црквата на Гугл или гуглизам

Основач на овој популарен современ култ е Мет Мекфирсон и неговите следбеници веруваат дека Гугл е „сегледачки и сезнаен“ односно дека овој популарен интернет пребарувач е најблиското нешто до она што може да се нарече божество.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (10).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава