Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Црква на Марадона, црква на Google - запознајте ги десетте најбизарни религии во светот

Црквата на џедаите или џедаизам

Џедаизмот се темели на верувањето во филозофијата на џедаите од филмовите „Војна на Ѕвездите“ на режисерот Џорџ Лукас. Иако не е официјална религија сепак таа зема сè поголем замав низ светот и веќе преку 70.000 Австралијци се декларираат како џедаи.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (4).jpg

Религијата на вонземските луѓе

Доколку сакате да се придружите на оваа религија, тогаш треба да знаете дека основачот Иво Бенда од Чешка тврди дека може телепатски да комуницира со вонземјани кои постојано орбитираат околу земјата и бараат „доброволци“ коишто се доволно добри за да бидат транспортирани во друга димензија.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (9).jpg

Религијата „Среќна наука“

Приказната на јапонецот Рају Окава започнала со неверојатното тврдење дека може да го направи среќно целото човештво. Тој, исто така, верува и во реинкарнација на натприродното битие Ел Кантаре, коешто го смета за семоќен татко на сите луѓе. 

Според него, ангелот Габриел ќе се појави во Бангкок за 50 години, а можеби и за 300-400 години, а можеби ќе нè посетат и вонземјани. Исто така, неговите следбеници слепо веруваат дека Кина и Северна Кореја ќе ја нападнат Јапонија.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (8).jpg

Црквата на Хеви-металот

Колумбиската црква на Пантократорот во Богота, го слави Бог преку хеви-метал музиката. Четирисетина членови на црквата облечени во црна облека и војнички чизми, тврдат дека се најобични христијани со малку поинаков поглед на религиозните церемонии. Црквата е предводена од 24 годишниот тапанар Кристијан Гонзалес.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (5).jpg

Скиентолошката црква

Скиентологијата се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хабард. Таа е поставена како секуларна филозофија во 1952 година, а потоа во 1953 година е преименувана во „применета религиска филозофија“. 

Теоријата на оваа религија се темели на тоа дека животот на земјата го создало семоќно вонземско битие Ксену, којшто бил меѓугалактички диктатор кој пред 75 милиони години испратил милијарди свои поданици на земјата, ги сместил во вулкани, а потоа ги убил со хидрогенски бомби. 

Од тоа останале само нивните души, тетани, од коишто подоцна се развил животот на земјата. Во меѓувреме, Ксену бил отфрлен од неговите поданици и затворен во „електроничка планинска стапица“ во која е и до ден денес.

Zapoznajte-gi-desette-najbizarni-religii-vo-svetot (7).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg