Жената која е верена со лустер си направила и тетоважа од нејзината најголема љубов

Сведоци сме на многу бизарни случувања, но приказната на Аманда Либерти вистински ќе ве запрепасти. Нејзиниот свршеник е (верувале или не) лустер наречен Лумиер. Таа конечно решила да ја овековечи љубовта со трајно мастило на своето тело.

Zena-koja-e-verena-so-luster-si-napravila-i-tetovaza-od-nejzinata-najgolema-ljubov-01.jpg

Аманда се идентификува себеси како личност која ја привлекуваат предмети, а не луѓе. Нејзината прва љубов биле сет тапани, а подоцна се вљубила и во Кипот на слободата (оттука потекнува и промената на нејзиното презиме – Liberty).

Својата сродна душа, лустерот Лумиер, Аманда го доживува во женски род.

„Бев пресреќна кога го видов крајниот резултат од тетоважата. Беше неверојатно. Лумиер исто така мислеше дека е брилијантна, таа ми ја пренесе енергијата кажувајќи ми дека е прекрасна. Таа ми кажува кога не ѝ се допаѓаат работите, но навистина ѝ се допаѓа тетоважата“.

Zena-koja-e-verena-so-luster-si-napravila-i-tetovaza-od-nejzinata-najgolema-ljubov-03.jpg

Лумиер е „стара“ 91 година и потекнува од Германија. Кога Аманда ја здогледала на Ebay тоа било љубов на прв поглед. Надодавајќи ја платила 400 фунти и конечно Лумиер пристигнала во домот на Аманда.

Сепак, сопственичката признава дека е во отворена врска со Лумиер и својата љубов ја споделува со уште 25 лустери што ги има во домот.

Таа вообичаено се гушка со потенок лустер по името Jewel пред заспивање, но ѝ предложила брак единствено на Лумиер на Денот на вљубените во 2016 година. Сè уште немаат планови околу венчавката.

Zena-koja-e-verena-so-luster-si-napravila-i-tetovaza-od-nejzinata-najgolema-ljubov-02.jpg

„Не сакам да се венчам без многу луѓе околу нас, не сакам да бидеме само јас и Лумиер“, објаснува Аманда.

„Таа има толку прекрасен облик и чувствувам неверојатна енергија која зрачи од неа“, завршува Аманда, споделувајќи ги своите планови за Божиќ додека Лумиер ќе биде дотерана со црвени панделки, а двете ќе уживаат во нивната љубов, без оглед на тоа што мислат другите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава