Што се служи во рестораните со Мишелин ѕвезди за време на празниците?

Ако за едни празничната трпеза е полна со руска салата, сарма, свинско месо и домашни пити и кифли, други имаат поинаква претстава како таа треба да изгледа.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-01.jpg

Рестораните кои добиле повеќе Мишелин ѕвезди, освен што се многу многу поскапи од домашната трпеза, тие имаат и поинаква замисла за празнична трпеза. Нивните клиенти очекуваат со секоја порција да добијат и новогодишен подарок со експлозија од вкусови.

На пример, ресторанот „Quince“ во Сан Франциско (три Мишелин ѕвезди), на празничното мени имаат карбонара со тартуфи, јајца, пекорино сирење и зелка, или пак месо од патка со црвена зелка зготвена во паткина лој и печурки.

Менито чини 335 долари по лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-02.jpg

Во „Aureole“ во Њујорк се служи нешто побогато мени, можеби затоа што е поевтино, поради само едната Мишелин ѕвезда.

За време на новогодишните празници може да се одбере мени со супа од есенска тиква, поширан јастог со праз и моркови, паткино месо, медалјони од телешко со прокељ и круши варени во вино и прелиени со зачинето чоколадо.

Менито чини 145 долари по лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-05.jpg

„La Pergola“ во Рим има три Мишелин ѕвезди и импресивно празнично мени, кое се состои од месо од бивол со чадена рикота, лигња полнета со ракчиња, тортелини со тиква, риба со спанаќ и црн тартуф и месо од патка со лешници.

Менито чини 561 долари по лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-03.jpg

„Le Cinq“ во Париз има три Мишелин ѕвезди и е дефиниција за ресторан од овој тип - од вкусот на храната, па до начинот на нејзино сервирање.

Во менито ќе најдете норвешки јастог со кавијар, остриги на два начина и риба по избор полнета со костени и тартуфи.

Сето ова чини по 604 долари по лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-04.jpg

„The Goring“ во Лондон има една Мишелин ѕвезда има мени со храна слична на традиционалната трпеза, со полуксузен завршеток.

Менито се состои од салата од јастог со бадеми и мајонез со лимон, печена мисирка и колбаси од мисирка, со сос од брусница и сланина, чаден карфиол, лосос со анасон и праз и божикен пудинг со портокал и бренди.

Менито чини по 360 долари од лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-06.jpg

„Le Bernardin“ се наоѓа на Менхетен во Њујорк и служат богато мени од 20 декември до Нова година.

Во нивното мени може да се најдат морски ежеви со јаболка, тасманска пастрмка со кавијар и пашканат, норвешки јастог, повеќе видови риба со најразлични видови гарнир, од грав до пире од печурки, a за десерт служат дуњи со киноа и сладолед од козјо млеко.

Ова мени чини 270 долари по лице.

shto-se-sluzhi-vo-restoranite-so-mishelin-dzvezdi-za-vreme-na-praznicite-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...

Најчитани неделава