Хаос во Германија - се излеа еден тон чоколадо на улица (фото)

Точно еден тон чоколадо ја поплавило улицата во малото германско гратче Westoennen во западниот дел на Германија, создавајќи го сонот на најголемите „чоко-обожаватели“ - вистинска чоколадна улица.

Se-izlea-eden-ton-cokolado-na-ulica-01.jpg

„Мал технички дефект“ е официјалната причина за излевањето на чоколадото од резервоарот за складирање во фабриката DreiMeister.

Откако течното чоколадо дошло во контакт со студениот асфалт, набрзо се стврдналo.

Se-izlea-eden-ton-cokolado-na-ulica-03.jpg

Биле потребни 25 пожарникари кои морале да го отстрануваат тврдото чоколадо залепено на асфалтот со помош на лопати. Потоа морале да употребат и топла вода и факели со цел да го отстранат чоколадото од пукнатините и дупките на улицата.

Сепак, фабриката ќе продолжи со непречена работа, а директорот на фабриката изјавил дека вистинска среќа е што чоколадото не се излеало пред Божиќ, затоа што тоа ќе било „вистинска катастрофа“.

Se-izlea-eden-ton-cokolado-na-ulica-02.jpg

Ние, вистинските љубители на чоколадо сметаме дека и ова е прилично голема загуба и залудно потрошено чоколадо, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта ...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...

Најчитани неделава