Блогерката Кајла Итсинес со моќна порака до оние кои го критикуваат нејзиниот фит изглед во бременоста

Кајла Итсинес е фитнес блогерка која ги следи стапките на Сара Стејџ и се обидува да биде фит дури и во бременоста.

blogerkata-kajla-itsines-so-mokjna-poraka-do-onie-koi-go-kritikuvaat-nejziniot-fit-izgled-vo-bremenosta-01.jpg

Исто како Сара Стејџ, која објавуваше фотки на кои не ѝ се познава трудничкото стомаче, така и Кајла постојано објавува фотки и видеа од нејзиното фит тело во бременоста.

Секако, со тоа наиде на низа критики за нејзиниот изглед и мајки кои ја критикуваат дека со вежбањето го нарушува здравјето на бебето.

На фотките и видеата на кои вежба и крева тегови во 6-иот месец од бременоста, нејзините следбеници ѝ пишуваат дека не е дозволено да крева тежина додека е бремена и дека му наштетува на нероденото бебе.

https://www.instagram.com/p/Bs3r7EKAiru/

Но, 27-годишната блогерка очигледно не потпаѓа под нивно влијание и им врати на коментарите со долга и моќна порака:

„Ги гледав коментарите на моето последно видео од вежбање. Прво, сакам да ви се заблагодарам дами за вашата поддршка. На жените пак, кои пишуваат работи како „не ти е дозволено да креваш тежина додека си бремена и дали е ова безбедно“, сакам да им доловам нешто. Тежината која ја кревам е ретко повеќе од 5 килограми од рака. Сакам да го имате тоа на ум кога ќе ја читате приказнава...

Вчера, бев на гости кај една пријателка која туку што заврши со чистење со правосмукалка и бришење на подот. Таа е МНОГУ бремена. Ја гледав како го крева 2-годишното дете од земја и си игра кревајќи ја во вис по неколку пати додека се смееја и забавуваа.

Потоа го остави 2-годишното дете во седиште и го однесе до автомобилот, заедно со количката. Плус, носеше 2 тешки кеси. Потоа извозе до кафуле, ја извади количката од автомобилот, ја намести, ги зеде кесите и детето и отиде на појадок.

Никој не ја гледаше со чуден поглед, никој не преврте со очи, никој не кажа ништо лошо, никој не помогна. Ја прашав да и помогнам неколку пати, но таа кажа дека го прави тоа секој ден и дека не треба да ѝ помагам.

Дами, мојата поента е дека безбедното вежбање во бременоста е прекрасно. Јас сум активна цел мој живот и додека имате одобрување од доктор, МОЖЕТЕ да вежбате и кревате тежина.

Само затоа што одам во теретана со кроп топ и шорцеви не значи дека правам нешто помалку безбедно од кревање друг тип на тежина како останатите трудници.“

Со нејзината порака, Кајла сака да им долови на жените дека всушност сите ја креваат истата тежина при секојдневните обврски во текот на бременоста и тоа не е ништо поразлично од нејзиното вежбање во теретана (според вежби за трудници), освен што таа е осудувана и добива многу критики.

Што мислите вие, во ред ли е вежбањето во текот на бременоста и дали критиките од луѓето се праведни и фер или се работи само за погрешно осудување?

На следната страна погледнете дел од фотките на фитнес блогерката...



Би можело да ве интересира:

Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбал во т...
„Поради ретко нарушување немам коса - цел живот ме малтретираа за изгледот, но денес работам како мо... Поради ретко нарушување, 21-годишната Хана Харпин голем дел од животот била жртв...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg