Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модели кои ги рушат бариерите во модната индустрија

Идејата за убавина во светот на модата полека почнува да се менува и храбри модели ги рушат бариерите.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-01.jpg

Иако сè уште постојат стереотипи и верувања дека модели може да бидат само оние со совршено слабо тело и идеално лице без ниту еден недостаток, сепак работите поелка се менуваат.

Моделите како Вини Харлоу, со необични состојби на кожата сè почесто се во фокус на вниманието, а бариерите ги рушат и плус сајз моделите, како и оние со Даунов синдром или други нетипични состојби за модната индустрија.

Овие модели се доказ дека во животот ништо не треба да ве сопре кон остварување на целта:

Vivian Eyo-Ephraim

20-годишниот модел од Нигерија се бори за поголемо признание на плус сајз моделите со облини.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-02.jpg

Вини Харлоу

Таа е првиот супермодел со витилиго кој прошета на пистата на Victoria’s Secret, а состојбата на кожата не ја спречува да си го оствари сонот.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-03.jpg

Nyle DiMarco

Тој е модел кој е глув, активист е во заедница за глуви и луѓе со ослабен слух, победил во американско модно шоу, а на глувоста не гледа како на ограничување и успешно ја гради кариерата.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-04.jpg

Џејми Бруер

Џејми има Даунов синдром, но тоа не ја спречи да прошета на модна писта и да биде пример за сите останати кои треба да го следат сонот.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-07.jpg

Џилијан Меркадо

Џилијан пати од мускулна дистрофија која ѝ била дијагностицирана на 13 години, а додека растела фантазирала да биде дел од модната индустрија, но не гледала модели кои изгледале како неа на писта или модели во инвалидска количка на насловни страни.

Сепак, таа одлучила дека нејзина мисија ќе биде да ја направи таа промена и ги руши бариерите во овој свет.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Куба опустошена од природни катастрофи – по ураганите, земјотрес со јачина од 6,8 степени (фото+виде... По двата урагани од крајот на октомври и почетокот на ноември, сега жителите на ...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Да им се одземе лиценцата на докторите“ – Украинката со најголеми образи изгледа застрашувачки „Дали е ова нормално? Ова го гледаат млади девојки, изгледа толку нездраво“, „Тр...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Бизарно: Маж стана вирален хит - шета секси близначки на синџир Тој си ги шета на синџир, си ги носи на шопинг во Chanel, тие си јадат сладолед ...
Апокалиптични сцени од поплавите во Шпанија: Валенсија под вода, луѓе се спасуваат со хеликоптери Поради обилни врнежи, делови од Шпанија се под вода - на застрашувачките видеа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg