На 11 години станала анорексична, на 20 години конечно изгледа здраво (фото)


На 11 години станала анорексична, на 20 години конечно изгледа здраво (фото)

На училиште на Алис ѝ велеле дека е дебела, таа се повлекла од себе и оттогаш започнал хоророт... Но, сега е поздрава и посилна од кога било.

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-01.jpg

Алис Елизабет (20) од Лондон се борела со нарушување во исхраната уште од 11-годишна возраст. Таа страдала од анорексија и секој пат кога ќе видела храна срцето ѝ чукало забрзано и паничела.

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-03.jpg

Како мала на училиште ја задевале дека е дебела, самодовербата ѝ била многу ниска и имала проблеми со социјалната интеракција, па тоа е ѝ причината за нарушувањето.

Во периодот кога страдала од анорексија таа ја изгубила енергијата, концентрацијата ѝ била ужасна и присуствувањето на часови во училиште ѝ било вистинска борба.

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-02.jpg

Штом ќе видела храна ѝ се превртувало во стомакот. Постојано мислела на нејзината тежина и телесна форма и најмачно ѝ било кога доаѓало време за следен оброк.

Се освестила дека има реален проблем дури кога почнала да страда и од депресија и анксиозност. Сфатила дека сè излегло од контрола и дека не ја гледа големата слика и дека иднината ѝ е загрозена.

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-05.jpg

Сега, на 20 години е горда што тој период е зад неа и промовира здрава исхрана.

Алис вели дека гледањето како нејзината телесна тежина се зголемувала ѝ бил еден од најтешките моменти во процесот на закрепнување и порачува дека најважно во ваква ситуација е да го насочите умот кон нешто друго, како некое хоби на пример.

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-10.jpg

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-09.jpg

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-08.jpg

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-07.jpg

na-11-godini-stanala-anoreksichna-na-20-godini-konechno-izgleda-zdravo-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фото докази дека луѓето немаат никаква култура По улици, на тротоари, во продавници, во кафулиња – луѓето во денешно време сека...
Пар се венчал кога тој имал 17 години, а таа 51 - сега слават 19 години брак По 8 месеци врска, тие се венчале иако со 34 години разлика во години еден од др...
„Бидете фини еден кон друг“ - Тој има 103 години, таа 100 и прославија 82 години брак Нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле е...