Данок на дебелина, брза храна, на сонце и тетоважи - најчудните даноци во светот кои не сте знаеле дека постојат

Данок на солариум, САД

Почнувајќи од 2010 година, секој Американец што сака да користи солариум, мора да плати дополнителни 10% од цената на процедурата. Овој закон се однесува на сите солариуми освен ако не се под надзор на лиценцирано медицинско лице, а донесен е со цел да се бори против ракот на кожа.

Данок на сонце, Балеарските острови

Балеарските острови имаат околу 11 милиони туристи годишно, а ова создава голем притисок врз локалните ресурси. Затоа во 2016 година донесен е нов туристички данок на сонце.

Овој данок се однесува на сите посетители на Мајорка, Менорка, Ибица и Форментера и се движи од 2 до 4 долари на ден. Парите од овој данок се користат за да се подобри туристичката инфраструктура како чистење на плажите и крајбрежните региони, заштита на историските места и зачувување на еколошкиот баланс.

Данок на сенка, Италија

Сопствениците на рестораните во Конегљано, град во регионот Венето во Италија, мораат да плаќаат по 100 долари годишно доколку нивните тенди и чадори фрлаат сенка на улицата.

Данокот на сенка е креиран во 1993 година и требало да се применува низ цела Италија, но го прифатиле само властите на Конегљано.

Данок на тетоважи, Арканзас

Тетоважите се многу популарни во САД и се проценува дека околу 36% од Американците на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат барем една тетоважа. Затоа не е ни чудо што властите се обидуваат да ги заштитат граѓаните да не одат кај непрофесионални тату мајстори.

Најдобар пример за ова е политиката на Арканзас со данокот од 2005 година, каде што се наплаќаат дополнителни 6% данок на тетоважи и пирсинзи.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава