Данок на дебелина, брза храна, на сонце и тетоважи - најчудните даноци во светот кои не сте знаеле дека постојат

Порано постоел данок на брада во Русија, данок на прозорци во Англија, данок на сол во Франција…

Najcudnite-danoci-vo-svetot-01.jpg

Иако тие даноци повеќе не постојат, во светот сè уште може да се сретнат невообичаени тарифи за плаќање на чудни даноци кои ќе ви потврдат дека светот е едно смешнo и истовремено бизарно место за живот:

Данок на гипс, Австрија

Австриските Алпи се совршено место за скијање. Затоа не е чудно што многумина од туристите се охрабруваат да пробаат нови работи додека скијаат за коишто и не се баш најподготвени и завршуваат во некоја од блиските болници со скршеници или повреди.

Затоа, владата решила да воведе специјален данок на медицински зафати како последица од скијањето на туристите. За ова не е одредена фиксна цена, туку зависи од местото каде што престојувате.

Данок на кинески стапчиња, Кина

Секоја година во Кина се произведуваат 45 милијарди кинески стапчиња за еднократна употреба. За волку големо производство потребно е да се уништат околу 25 милиони дрвја, па затоа Кинеската влада донела решение со цел да се запре сечењето на шумите.

Во 2006 година воведен е данок од 5% за кинеските стапчиња за еднократна употреба, за да почнат да се користат повеќе стапчиња коишто може да се мијат и употребуваат повторно.

Данок на дебелина, Јапонија

Законот за метаболизам во Јапонија бара од мажите и жените на возраст помеѓу 40 и 75 година да го мерат обемот на струкот секоја година. Доколку нивниот струк надминува одредена мерка (85 cm за мажи и 90 cm за жени) тие мораат да платат казна.

Овој данок на дебелина е воведен за да се изборат со растечкиот проблем со прекумерна дебелина во целиот свет како и да се намали ризикот од дијабетес.

Данок на брза храна, Унгарија

Од 2011 година во Унгарија е воведен данок на разни видови пакувана храна што има многу сол или шеќер, како што се чипсот, бисквитите, колачите, па дури и енергетските пијалаци. Овој данок додава околу 20 центи на цената за овој вид на производи.

Со воведување на овој данок Унгарската влада сака да промовира водење на здрав живот и изгледа дека истиот функционира.

Продолжува на следната страна... 

 



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава