Во француските училишта мобилните телефони се забранети за учениците - добра или лоша одлука?
- Детали
- петок, 31 мај 2019
Мобилните телефони го намалуваат вниманието и концентрацијата и предизвикуваат емоционален стрес, но во многу ситуации може да бидат и корисни за учењето.
Според вас, која е правилна одлука – да се користат мобилните за позитивни цели или целосно да се отстранат од употреба во училиштата, бидејќи е невозможно да се ограничи нивното користење.
Научниците постојано истражуваат какви се ефектите од паметните телефони кај младите и голем дел од нив ја поддржуваат нивната забрана во училиштата, додека некои експерти не се согласуваат.
Во училиштата во Франција, учениците под 15 години не смеат да носат мобилни телефони во училиште со цел да се воведат поздрави навики со ограничување на времето кое учениците ќе го поминат на социјални мрежи и слично, но сепак, некои се загрижени за ова.
Во продолжение следи листа со предности и недостатоци од ваквите одлуки, според истражувањата и наставниците.
Зошто е добра забраната на мобилни телефони во училиште?
1. Паметните телефони одвлекуваат внимание, намалуваат фокус и продуктивност на учениците.
2. Паметните телефони може да предизвикаат психолошки стрес и анксиозност заради притисокот од социјалните мрежи.
3. Родителите и професорите се загрижени за безбедноста на децата онлајн, како и за онлајн малтретирање на децата.
4. Одземањето на вниманието и концентрацијата со паметните телефони резултира со полоши резултати на училиште.
5. Паметните телефони се веќе претерано дел од секојдневието на децата, па добро би било да ги избегнуваат барем во училиште.
6. Децата се премногу зависни од телефоните уште од мали, па наместо да го поминуваат слободното време во надворешни активности, тие седат на телефон.
На следната страна следат слабостите од забраната на телефони во училиште...
Би можело да ве интересира:





