„Никогаш не ми излезе од срцето“ – Се разделиле за време на II Светска војна, а по 75 години повторно се сретнале


„Никогаш не ми излезе од срцето“ – Се разделиле за време на II Светска војна, а по 75 години повторно се сретнале

Американски војник (97) и Французинка (92) се заљубиле за време на Втората светска војна, но морале да се разделат, па по 75 години, тој дошол да ја побара неговата сакана од младоста и нивната емотивна средба ќе ви го стопи срцето. 

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-01.jpg

Светот не може да одолее на емотивната љубовна приказна помеѓу американски војник и Французинка кои се сретнале повторно по 75 години, откако морале да се разделат во младоста.

За време на II Светска војна, млад американски војник се заљубил во 18-годишна Французинка додека престојувал во нејзиното мало гратче.

Робинс бил 24-годишен војник во американската војска и во 1944 барал некој да му ја испере облеката, а мајката на Жанин Пирсон прифатила да помогне.

Парот набрзо се заљубил, но по 2 месеца, Робинс морал да го напушти селото и да оди да се бори на Источниот фронт.

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-02.jpg

Кога војната завршила, а тој не се вратил, Пирсон почнала да учи американски фрази надевајќи се дека нејзиниот сакан еден ден ќе се врати по неа.

„Ѝ кажав дека можеби ќе се вратам да ја земам, но тоа не испадна така.“ – изјавил Робинс за француска телевизија.

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-03.jpg

Наместо тоа, Робинс по долго служење, се вратил во Америка, а во меѓувреме ја запознал Лилијан, со која се оженил, но починала во 2015-та.

Пирсон, исто така повторно се заљубила и се венчала во 1949-та, а станала и мајка на 5 деца, но сега е вдовица.

И покрај тоа што продолжиле со животите, никогаш не заборавиле еден на друг, а Робинс чувал црно-бела фотографија од неговата француска љубовница и нејзиното гратче.

Војникот им ги покажал фотографиите на новинарите во Франција и за време на неговиот престој во Франција по повод 75-годишнината од „Денот – Д“ им кажал дека сака да се врати на тоа место за да го најде нејзиното семејство .

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-04.jpg

Иако тој мислел дека неговата сакана не е жива, новинарите ја нашле во дом и го изненадиле кога му кажале дека е жива и го чека.

Нивната повторна средба по толку многу години е преемотивна, а фотките и видеото го стопија срцето на сите кои се запознаа со нивната приказна.

„Секогаш те сакав, никогаш не излезе од моето срце. Жанин, те сакам девојко.“ – ѝ рекол војникот на неговата сакана додека очите им се полнеле со солзи.

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-05.jpg

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-07.jpg

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-06.jpg

nikogash-ne-mi-izleze-od-srceto-se-razdelile-za-vreme-na-ii-svetska-vojna-a-po-75-godini-povtorno-se-sretnale-08.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пар се венчал кога тој имал 17 години, а таа 51 - сега слават 19 годин... По 8 месеци врска, тие се венчале иако со 34 години разлика во години еден од др...
На 11 години станала анорексична, на 20 години конечно изгледа здраво ... На училиште на Алис ѝ велеле дека е дебела, таа се повлекла од себе и оттогаш за...
Жена за првпат стана мајка на близначиња на 50 години, по низа спонтан... Го чекала вистинскиот, но не дошол, па од 39-годишна возраст минала години и год...