Жена-херој: Помогнала да се раскинат 850 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

Нејзиното име е Тереза Качиндамото, а таа работи во областа Дедза во централниот дел на Малави. Тереза практично „држи“ 900.000 луѓе во своите раце и не се плаши да го употреби својот авторитет кога станува збор за малолетни девојчиња кои се заробени во бракови со постари мажи против нивната волја.

Zena-heroj-pomognala-da-se-raskinat-850-brakovi-01.jpg

Во последните 3 години Тереза помогнала да се раскинат повеќе од 850 вакви бракови и вратила стотици девојчиња во училишните клупи за да го продолжат своето образование. Таа се обидува да ѝ стави крај на лошата практика која во држави како Малави подразбира учество на 7-годишни девојчиња во кампови каде што постои сексуална едукација и подготовка за нивните бракови.

Повеќе од половина од девојките во Малави се мажат пред да наполнат 18 години, но според Извештајот на Обединетите Нации, заложбите на Тереза ја прават витален сојузник во борбата против малолетните бракови и правата на жените и децата.

Иако минатата година во Малави се изгласа закон со којшто девојките не смеат да се мажат пред да наполнат 18 години, со согласноста од родителите оваа традиција продолжува.

Кога дел од нејзините машки колеги ги одобриле овие бракови, таа ги суспендирала од работните обврски и ги натерала да ги раскинат склучените бракови, а девојките биле вратени во училиште.

Zena-heroj-pomognala-da-se-raskinat-850-brakovi-02.jpg

Тереза исто така бара од Владата на Малави повторно да се зголеми старосната граница за стапување во брак на минимум 21 година. Во овој дел од светот девојчињата се најчесто „продадени“ во вакви бракови со постари луѓе со цел да им се олесни товарот со финансиските проблеми.

Една од пет девојки во Малави е жртва на сексуална злоупотреба. Еден од 10 луѓе е заразен со ХИВ. Тереза продолжува да им се заканува на сите кои ги одобруваат малолетните бракови со зборовите дека ќе бидат казнети и избркани од работното место.

Таа вели дека ќе продолжи да се бори за правата на жените и децата или со нејзините зборови: „Доколку се образовани, може да бидат и да имаат сè што ќе посакаат“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава