Инстаграмџии си го ризикуваат животот за фотка со тиркизното езеро, кое е токсична депонија

„Ве молиме внимавајте да не паднете во депонијата“ – вака гласат предупредувањата до Инстаграмџиите кои не го сфаќаат доволно сериозно ризикот од токсичното езеро во Сибир кое е главна атракција.

instagramdjii-si-go-rizikuvaat-zhivotot-za-fotka-so-tirkiznoto-ezero-koe-e-toksichna-deponija-01.jpg

Тиркизното езеро во Сибир, Novosibirsk навистина изгледа совршено на фотки, но иако многумина го нарекуваат „Руските Малдиви“, сепак станува збор за токсично езеро, бидејќи бојата ја добива од хемиски отпад од електрана.

Тоа секако не ги спречува инстаграмџиите да дојдат до езерото и да направат неколку фотки кои всушност може да бидат ризични за нив.

Заради магичниот, тропски изглед, многумина го споредуваат со Малдиви, па некои дури се појавуваат во костими за капење, други пловат со огромни гуми по него, а има и такви кои бираат свадбената фотосесија да биде направена токму на ова езеро.

Токму од таа причина, руска енергетска компанија ги предупредува сите оние кои ризикуваат во обид за повеќе лајкови:

„Ве молиме внимавајте во обид да направите селфи, да не паднете во депонијата! Тоа е најголемата опасност.“

instagramdjii-si-go-rizikuvaat-zhivotot-za-fotka-so-tirkiznoto-ezero-koe-e-toksichna-deponija-02.jpg

Отпадот кој се фрла во езерото го прави дното калливо, а излегувањето од резервоарот без ничија помош е речиси невозможно, според компанијата.

Сепак, некои инстаграмџии за „доброто на фотката“ одлучуваат да се намократ, по што се соочуваат со цревнила и алергиски реакции.

Погледнете дел од фотките направени на тиркизното, токсично езеро:

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава