Во Етиопија се засадени над 350 милиони дрва за само 12 часа во борба против климатските промени

Во понеделникот, Етиопија најверојатно собори светски рекорд со садењето на 350 милиони дрва за само 12 часа - пример по кој треба да се води секоја земја.

etiopjancite-zasadija-300-milioni-drva-za-samo-12-chasa-01.jpg

Масовното садење е дел од кампањата за пошумување наречена Green Legacy, поддржана од премиерот Абиј Ахмед. Милиони луѓе ширум целата држава учествувале во предизвикот.

Според премиерот, само во првите 6 часа веќе биле посадени 150 милиони дрва.

„Стигнавме до половина од нашата цел. Продолжете така наредните часови“, ги охрабрил тој своите сограѓани.

После 12-часовниот период, министерот за иновација и технологија на Етиопија, доктор Гетахун Мекурија, објави дека Етиопија го постигнала посакуваниот број, а премиерот изјавил дека дури и го надминале.

Па, за 12 часа, биле засадени вкупно 353.633.660 дрва.

Некои училишта и владини канцеларии биле затворени за оваа прилика, а премиерот ги охрабрил сите да излезат и да го остават својот белег. Дури и тој го посадил неговото дрво во јужниот град Арба Минч.

etiopjancite-zasadija-300-milioni-drva-za-samo-12-chasa-02.jpg

Во 2017-та година, рекордот беше соборен во Индија, кога за 12 часа, 1,5 милиони волонтери засадија 66 милиони дрва. Целта на Етиопија за целата сезона е уште поамбициозна – кампањата цели да се засадат дури 4 милијарди дрва за време на дождовната сезона, која трае од мај до октомври.

etiopjancite-zasadija-300-milioni-drva-za-samo-12-chasa-03.jpg

Според Farm Africa, организација која се залага за пошумување на Источна Африка, помалку од 4% од површината на Етиопија е со шуми. На крајот на 19-тиот век, пошумени биле 30% од површината.

Државата истовремено страда и од влијанието на климатските промени, заедно со ерозија на почвата, уништување на шумите, како и чести суши и поплави.

Брзиот раст на населението во државата и потребата за обработлива земја, како и неконтролираното сечење на дрвата, често се причина за унишувањето на шумите. Проблемот е што 80% од населението во Етиопија зависи од агрокултурата.

etiopjancite-zasadija-300-milioni-drva-za-samo-12-chasa-04.jpg

Неодамнешно истражување покажало дека обновувањето на изгубените шуми ширум светот би отстранило две третини од јаглеродот што ја загрева планетата.

Истражувањето, кое било спроведено на Универзитетот ETH во Цирих, покажало дека обновувањето на шумите ширум целиот свет ќе помогне во „заробувањето“ на 250 милијарди тони јаглерод. Моментално, глобалната емисија на јаглерод е 10 милијарди тони годишно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава