Направила Инстаграм профил со облека која дечко ѝ ја мрази – сега е блогерка со 40.000 следбеници

Критиките на сметка на вашиот изглед, особено од сакана личност, можат да бидат болни, но за една жена од Велика Британија тие биле извор на инспирација.

napravila-instagram-profil-so-obleka-koja-dechko-i-ja-mrazi-sega-e-blogerka-so-40-000-sledbenici-01.jpg

24-годишната Оливија Џексон започнала блог наречен Clothes My Boyfriend Hates (Облека што ја мрази моето момче). Блогот, како и Инстаграм, профилот има токму таква содржина – фотографии од модни комбинации кои не му се допаднале на нејзиното момче.

Оливија изјавила дека го направила Инстаграм профилот во март 2018-та година, а блогот во мај истата година. Била инспирирана од саркастичните коментари на нејзиното момче во врска со нејзините модни комбинации, кои и покрај тоа со задоволство ги носела.

Сепак, целта не ѝ била да му суди или да го срами нејзиното момче, туку да ги охрабри жените ширум светот.

„Сакав, и сè уште целам да ги охрабрам жените да се облекуваат за нив, а не за другите“, изјавила таа.

Иако добивала огромна поддршка, Оливија признала дека сепак некои луѓе погрешно го сфаќаат името на блогот. Имено, многумина сметале дека нејзиното момче го контролира нејзиниот избор на облека, нешто што воопшто не е вистина.

„И покрај неговите саркастични коментари, тој излегува со мене кога носам ’болнички мантил‘ или ’работничко одело‘. Целосно ме поддржува во тоа да го носам она што го сакам.“

Според Оливија, нејзиното момче има одлична смисла за хумор и навистина му се допаднала идејата за блогот. Му било драго што нашла и други жени чии партнери не се фанови на нивниот стил на облекување.

Дел од комбинациите кои Оливија ги споделува, а нејзиното момче очигледно ги мрази:

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg