Апел до туристите во Грција – Зошто не треба да ги вадите и убивате медузите?

Во изминатиов период на социјалните мрежи постојано гледаме фотки од „храбри“ туристи во Грција кои успеале медузите да ги извадат од море и со тоа да ги убијат, но зошто е тоа неправилно?

apel-do-turistite-vo-grcija-zoshto-ne-treba-da-ubivate-meduzi-01.jpg

Иако медузите можеби предизвикуваат непријатно чувство кога ќе ги видите во вода, сепак не се толку опасни за да треба да ги извадите баш сите од морето и да ги оставите да умрат на сонцето...

Она што предизвикува вистинска опасност, е всушност неинформираноста на туристите, а Марко Тривунчевиќ испраќа апел да не се убиваат медитеранските медузи од неколку причини.

apel-do-turistite-vo-grcija-zoshto-ne-treba-da-ubivate-meduzi-02.jpg

Овие медузи, пред сè се безопасни и досега не е забележан ниту еден негативен ефект врз луѓето, според сајтот Inhabitat:

„Медузата Cotylorhiza Tuberculata“ се движи во потоплите води на Средоземното, Егејското и Јадранското море. Нејзиниот пречник може да изнесува до 35cm, а нејзините пипки се толку слаби што немаат сериозно опасен ефект врз луѓето.

Исто така, вадењето на овие медузи по лична одлука не е дозволено, бидејќи постојат служби кои во случај на нивно големо размножување, стручно и во специјални услови ги отстрануваат медузите. Доколку крајбрежната стража ве фати како вадите медузи (или други живи морски суштества) големи се шансите да добиете висока казна.

Она што многумина го занемаруваат и забораваат е дека медузите живеат во тоа море преку целата година и тоа е нивни дом, а туристите се гости, кои немаат право да се однесуваат како морето да е нивна сопственост.

apel-do-turistite-vo-grcija-zoshto-ne-treba-da-ubivate-meduzi-03.jpg

Па затоа, наместо да ја вадите од нејзиниот дом и да ја убивате, можете да ја набљудувате или да се фотографирате кога ќе ја здогледате под вода. Сетете се дека можеби вие им сметате на нив во нивниот дом, а сепак не ви наштетуваат...

apel-do-turistite-vo-grcija-zoshto-ne-treba-da-ubivate-meduzi-04.jpg

И за крај, иако малкумина се свесни за тоа, оваа медуза е корисна, бидејќи во екосистемот, медузите се храна за голем број морски животни, а она што е уште поважно, е дека моментално се прават истражување за тоа како медузата Cotylorhiza Tuberculata може да се употреби за лекување на канцер.

Заради сите овие причини, овој турист, вљубеник во Грција, нуркач и еколошки настроен човек, апелира останатите туристи да престанат да ги вадат и убиваат овие интересни морски суштества.

Извор / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...
Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се...
Туристи спијат на лежалки за да имаат најдобри места покрај базен следниот ден, јавноста ги нарекува... Додека туристите од Балканот оставаат пешкири и лежалки на плажа преку ноќ за да...
Бизарен тренд во Кина: Возрасни користат бебешки цуцли за да се справат со стресот, лекари апелираат... Покрај вообичаените активности за справување со стресот како вежбање јога и прош...

Најчитани неделава